imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Бесплатна апликација на неделата: Chameleon Run


Петок повторно пристигна и Apple има уште една игра избрана за промоцијата Апликација на неделата. Овонеделната бесплатна игра е наречена Chameleon Run.

Chameleon Run e – drumrolls, еден вид на тркачка игра, доколку и самото име на играта тоа не го прави очигледно. Целта е очигледна: морате да дојдете до целта од почетната точка со својот карактер. Но, на каков пат, и колку тежок ќе биде тој пат. Се што може да кажеме е дека чешките програмери Hyperbolic Magnetism може да добијат директни псовки во текот на играта.

Chameleon-Run-1

Вашиот лик самостојно трча во играта, па се што треба да направите е да скокате и да менувате бои. Ова можеби звучи чудно, но е битен дел од играта: вашиот лик може само да трча на површини кои одговараат на бојата на неговата облека, во спротивно ќе се разнесе на парчиња. За среќа има само две бои, портокалова и розева, но можете да се заплеткате многу лесно / посебно кога трчате со поголема брзина – како што скокате со допирање на десната страна на екранот, додека ја менувате бојата на левата страна. Една мала грешка, и ќе го рестартирате сегашното ниво.

Chameleon-Run-2

Треба да комплетирате три цели во секое ниво, што значи дека е добро да ги рестартирате нивоата по три или дури и четири пати, доколку сакате да ги добиете сите ѕвезди, бидејќи можете да добиете само три ѕвезди по трчање, откога сте ги завршиле сите цели. Вие сте малку побрзи на hoverboard од трчањето со нозе, па вистински деликатес може да биде кога ќе се смени само боја во последен момент, кој му дава на вашиот карактер само малку повеќе брзина.

Chameleon-Run-3

Ова е веројатно доволно да се претстави играта: доколку сакате вистински предизвици, екстремно тешки игри (здраво, Super Hexagon), тогаш оваа игра е за вас. Покрај тоа, не е дури ни стара апликација, беше издадена минатата година и доби голем број независни признанија, и сега е бесплатна за една недела, наместо да треба да платите 2 евра. Да трчаме! (Исто така е достапна на Apple TV).

Симнете ја Chameleon Run од App Store (универзална, бесплатна)

Вие не сакате да ризикувате да го скршите вашиот iPhone на земја во лош момент, додека врескате неартикулирано? Без проблем, собравме уште неколку апликации за вас кои само што станаа бесплатни. Треба да ги симнете најбрзо што можете, бидејќи тие нема сигиурно да бидат бесплатни, туку промоцијата може да заврши за само неколку часа.

Age of Defenders

04_free_app_of_the_week_chameleon_run

Игрите од типот Tower Defense беа навистина популарни пред неколку години, но очигледно овој жанр е посакуван до ден денешен. Age of Defenders направи пресврт меѓу досадните игри, со ставање на играта во мултиплеер тип на сценариод. Постојат се разбира и можности за in-app купување, но играта моментно е бесплатна, наместо цената од 3 евра.

Toca Store

Името Toca Boca може да биде познато за многу луѓе, бидејќи голем дел од игрите што овој тим ги создаде со фокус на забава на децата, беа дел од промоцијата Бесплатна апликација на неделата. Во Toca Store, децата може да играат како продавачи или купувачи – или дури и двете доколку две деца ја играат играта.

Misery of Fortune и Misery of Fortune 2

06_free_app_of_the_week_chameleon_run

Откријте некоиу интересни и опасни лавиринти, борете се и надградете ги своите ликови – ова навистина може да очекувате во една соодветна SRPG игра. Шестата и осмата епизода од Fortune Chronicle Episodes може да ги даунлоадирате бесплатно од App Store благодарејќи на Dotomochi Games.

Ikaro Racing HD

07_free_app_of_the_week_chameleon_run

NuOxygen тимот само понизно укажува на оваа игра како една од најрелистичните во овој жанр. Сепак, доколку сакате да се тркате со места, тогаш дефинитивно треба да и дадете шанса бидејќи е бесплатна (со оглед на топа што претходно беше 10 и 4 евра). Можете да се тркате со 6 каскадерски авиони со високи перформанси на 22 различни тркачи патеки со помош на различните агли на камерата во Ikaro Racing HD.

Uptime

08_free_app_of_the_week_chameleon_run

Ова е апликација за Mac. Uptime го покажува тоа што го сугерира името: колку време поминало откако вашиот компјутер е рестартиран. Смешен дел е што програмерот бара 1 евро за оваа апликација, иако можете да ја добиете оваа информација во Terminal со едноставна команда ”uptime” и да притиснете Enter. Или симнете ја Uptime бесплатно и кликнете на мени барот.

Rocket

09_free_app_of_the_week_chameleon_run

Додека ја разгледуваме Uptime, уште една апликација од овој програмер Розга Војчих стана исто така бесплатна. Оваа е малку покорисна: Rocket покажува колку време поминувате во некоја одредена апликација на вашиот Mac. И покрај тоа што се чини дека е малку неточна, сепак вреди да и се даде шанси, посебно сега кога е бесплатна.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.