imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Бившиот шеф на Google за вештачка интелигенција сега му помага на Apple


Apple го вработи John Giannandrea, мајстор за вештачка интелигенција, кој има десет години искуство работа во оваа област во Google. иако само што дојде на платната листа на Apple, веднаш заседна на чело на екипата задолжена за машинско учење и вештачка интелигенција. Ако Siri сега не стане попаметна, и нема спас…

Крвавата борба за најголемите умови на технолошката индустрија е целосно нормална работа во Силиконската долина. Apple на тој начин собра многу експерти, но овој последниот во низа е навистина вистински погодок и сигурно ќе му недостасува на својот бивш работодавец.

Зборуваме за John Giannandrea, бившиот потпретседател на Google и директор на одделот за истраѓување на вештачката интелигенција. Му се придружи на технолошкиот гигант кога го купија стартапот Metaweb, каде што работеше како раководител на одделот за технологија. Во Google првенствено се занимаваше со интеграција на вештачката интелигенција со различните услуги, како пребарувачи, Gmail и Google Assistent.

Сега премина во Apple, каде ќе биде одговорен за целата стратегија на развојот и употребата на машинското учење и вештачка интелигенција и директно ќе му одговара на Tim Cook. New York Times дојде до делот од писмото со кое Cook го претстави новиот колега:

John ја дели нашата посветеност за приватноста и нашиот промислен пристап за претворање на компјутерите во попаметни и повеќе лични уреди. Нашата технологија мора да биде исполнета со вредности кои на сите ни се важни.

Краен момент е Apple да сфати колку ова подрачје (најмногу Siri) е важно, и да почнат сериозно да го сфаќаат. Веќе некое време се слушаат гласни критики за нивната виртуелна помошничка, и – за жал – мораме да признаеме дека сите се на место.

Иако Apple стана водечка компанија на пазарот веднаш по лансирањето на Siri, конкуренцијата би можела да ги надмине во многу аспекти. Ако не воведат некои промени, на долгорочен план сигурно ги очекуваат сериозни проблеми, посебно затоа што паметните куќни уреди и виртуелните асистенти со време ќе станат се поважни и побарани.

Се надеваме дека Giannandreа брзо ќе го преземе кормилото и дека од темел ќе го промени целиот пристап на работата на екипата задолжена за Siri.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.