imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Би било кул да се реставрира Apple I


Jimmy Grewal е опсесивен колекционер, а сега конечно го набави и еден од 70-те преостанати Apple I компјутери. Потоа му приушти величествена постапка на реставрирање, бележејќи ја притоа секоја фаза.

Grewal навистина го сака Apple I. Пред да набави сопствен примерок, сам изработи во целост функционална реплика. За среќа, знаењето кое го стекна во текот на проектот му беше исклучително корисно.

Го набави Apple I не знаејќи што точно го чека. Имено, одлуката за купување мораше да ја донесе исклучиво врз основа на слика. Ризикуваше, па се впушти во авантура на реставрирање и притоа за се детално ја информира јавноста преку видео и објава на Twitter.

Инаку, Apple I е еден од првите компјутери на Apple. Со сопствени раце го дизајнираше младиот Steve Wozniak и се работеше за еден од темелните производи на Apple. Кратко беше во комерцијална употреба, само една година, а беа произведени вкупно 200 парчиња. До денес преживеаја само 70, од кои само неколку од нив и натаму работат.

Затоа Grewal имаше многу среќа што неговиот Apple I бил во пристојна состојба. Сепак, мораше да вложи многу труд за да го оживее. Процесот на реставрација почна со добро чистење. Првиот шок го доживеа кога откри траги на корозија внатре во уредот. За среќа, се испостави дека се работи за остатоци од антистатичка пена која со години го прекривала уредот.

Компјутерот на крај проработе, но не како што би требало. Во врска со тоа, Grewal има совет за сите кои ќе се одлучат да се впуштат во ваква авантура: никогаш немојте да користите тастатура компатибилна со Apple II за постарите серии. Иако уредот работел пристојно, имаше проблеми. Исто така, пронајде траги на корозија на модулот на RAM-от, но успешно се ослободи од нив. Тогаш уредот конечно проработи како што треба.

Во време на лансирање на Apple I, не постоеле периферни уреди компатибилни со него; дури подоцна било можно да се купи Apple Cassette Interface (ACI) модул за 72 долара. Се работеше за касетофон со обични касети, а овој уред им овозможуваше на корисниците да снимаат и читаат податоци.

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.