imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Вака ќе функционира управувањето со батеријата во iOS 11.3


Успеаја! Во Apple направија се што ни ветија и создадоа прилагодлива самоурамнотежувачка технологија која никој не може да ја оспори. Објавена е нова бета верзија на iOS 11.3, со бројни нови функции за управување со батеријата.

Apple објави многу детален извештај за оваа тема на својата страница за поддршка. Еве резиме на најважните точки:

  • оваа функција е достапна само во бета верзијата, па се можни некои грешки;
  • функцијата можете да ја пронајдете во менито Поставки > Батерија > Здравје на батеријата (Бета);
  • таканаречената функција за управување со перформансите ќе биде задолжена за забавување на работата на батеријата;
  • кога ќе се објави официјалната верзија на iOS 11.3, оваа функција ќе биде исклучена;
  • меѓутоа, по првото неочекувано исклучување автоматски ќе се вклучи;
  • благодарение на понапредниот софтвер и хардвер на iPhone 8, iPhone 8 Plus и iPhone X, нејзиниот ефект ќе биде помалку значаен;
  • вклучено е и менито на Максимален капацитет;
  • тоа ќе го покажува моментниот капацитет на батеријата во однос на изворната состојба;
  • iOS ќе ве извести кога треба да ја замените батеријата;
  • таму ќе можете да го проверите статусот на управувањето со перформансите и да ја исклучите таа опција.

А сега малку повеќе детали со зборовите на Apple.

Проблем

Во случај на ниска наполнетост на батеријата, поголемата хемиска старост или пониски температури, поголема е веројатноста дека корисниците ќе доживеат неочекувано исклучување на уредот. Во екстремни случаи, уредот може почесто да се исклучува, поради што станува недоверлив или неупотреблив.

На моделите iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus, iPhone SE, iPhone 7 i iPhone 7 Plus, iOS динамички управува со пердормансите за да се спречи неочекувано исклучување  на уредите и за да може iPhone-от и натаму да се користи. Оваа функција на управување со перформансите е специфична за iPhone и не се однесува на другите производи на Apple.

Оваа функција функционира така што ја следи температурата на уредот, состојбата на наполнетост на батеријата и нејзината импеданција. Врз основа на тие варијабли, iOS по потреба динамично управува со максималните перформанси на некои компоненти од системот, на пример CPU и графичкиот процесор, за да се спречи неочекуваното исклучување. Последично, работните оптоварувања на уредите автоматски ќе се усогласат и така да овозможат порамномерна дистрибуција на задачите на системот, наместо поголеми и почести топ перформанси одеднаш. Во некои случаи, корисникот може нема да забележи никакви разлики во секојдневните перформанси на уредот. Нивото на воочената промена зависи од тоа колкаво е ниво на управување со перформансите потребни за одреден уред.

 

 

При ниска наполнетост на батеријата и пониски температури, промените на управување со перформансите се привремени. Во случај батеријата на уредот хемиски да е доволно остарена, промените на управувањето можат да бидат потрајни.

Причината е во тоа што сите полниви батерии се потрошни компоненти и имаат ограничен работен век, па со време треба да бидат заменети. Ако тоа се однесува на вас и сакате да ги подобрите перформансите на својот уред, замената на батеријата може да помогне.

Управување со перформансите

iOS 11.3 ја подобрува функцијата на управување со перформансите така што редовно го проценува нивото на управување потребно за избегнување на неочекуваното исклучување. Ако состојбата на батеријата може да ги поддржува воочените потреби за врвна сила, опсегот на управување со перформансите се намалува. Во случај на повторно исклучување, управувањето се зголемува. Оваа проценка се врши постојано, со што се овомозможува поприлагодливо управување на перформансите.

Како се вклошува состојбата на батеријата, се намалува и нејзината можност за врвни перформанси. На екранот Здравје на батеријата се наоѓа оддел, во кој можат да бидат прикажани следните пораки:

Максимален капацитет

Екранот Здравје на батеријата донесува информации за максималниот капацитет на батеријата и можностите за перформансите.

Со максималниот капацитет на батеријата се мери капацитетот на батеријата на уредот во однос на нејзината состојба кога била нова. При првата активација, батериите имаат капацитет од 100 проценти, но со хемиското стареење оваа вредност се намалува, што може да доведе до скратување на времето на употреба помеѓу две полнења.

 

Нормалната батерија е дизајнирана така да издржи до 80 проценти од изворниот капацитет по 500 целосни циклуси на полнења во нормални услови на работа.

Извор: Apple

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.