imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Вашата историја на пребарување ќе стане приватна кога ќе го надградите својот Mac


Кој не би сакал да ја задржи својата историја на пребарување на Google или да се ослободи од сите оние напорни реклами и автоматски видеа на Facebook? Apple нуди решение за тој проблем на Safari што доаѓа многу брзо.

Помеѓу останатите бројни работи, Apple на WWDC говореше и за новите функции што можеме да ги очекуваме во macOS High Sierra за тоа на кој начин го унапредиле Safari. Немојте да се сметате параноичен ако сакате да ја задржите приватна својата историја на пребарување и скриена од погледот на интернет околината. Дали ви се случило додека пребарувате автомобили или барате подарок за некоја мила личност, одеднаш Facebook да стане препол со реклами поврзамо за темите на овие пребарувања?

За тоа можете да им заблагодарите на колачињата: тие секогаш ве следат и ги надгледуваат вашите активности, во кои увид имаат социјалните мрежи па врз основа на нив избираат кои реклами ќе ви ги ставаат под нос. Да, на овој начин можете да бидете поврзан со продавачот или интернет продавниците кои најмногу ве интересираат. Тоа, значи, може да биде корисно, но во поголем дел од случаите едноставно е напорно.

Втор пример: ако често го читате iMagazin, сигурно сте наишле на реклами за производите од iStyle. Ако сте напишале во Google „fidget spinner” откако сте го прочитале нашиот текст за тоа, а не сте знаеле за што се работи, немојте да се изненадите ако одеднаш ве опкружат со реклами за тие играчки. Тоа што го прави интернетот знае повремено да биде и корисно, но почесто е иритантно. Intelligent Tracking Prevention сега нуди решение за тоа, а ќе можете да го користите во новиот Safari.

Во принцип, Intelligent Tracking Prevention ги прикрива трагите на вашето пребарување и го прави помалку транспарентно. Apple тврди дека моментно најпопуларните страници користат стотина такви колачиња од другите страници, и така го оптимизираат вашето искуство на прегледување. Со други зборови, ве затрпуваат со мноштво реклами. Apple сака да стави крај на тоа.

Овој нов метод ќе функционира така што прегелдникот ќе може да ги следи и одвојува колачињата врзани со вашите пребарувања со помош на локализираното машинско учење, а исто така ќе може да им забрани на другите страници пристап до тие колачиња и така ќе ја солува приватноста на вашите податоци. Во прегледникот е додадена и Auto-Play функција, со која ќе можете да го блокирате автоматското пуштање на видеа. Apple:Facebook 1:0. Секако, Facebook не е единствен кој врви со овие неописливо иритантни видеа кои одеднаш почнуваат да се вртат во позадина, додека ние ги губиме нервите пробувајќи да сфатиме од каде доаѓаат звуците. Сепак, Facebook е предводник на тој – според наше мислење – казнив тренд.

Ќе можете да ја уредувате листата на блокирани страници колку што сакате. Уште повеќе, ќе можете лесно да специфицирате дали може одредена страница да и пристапи на вашата моментна локација, ако сакате да блокирате појавување реклами на неа, а ќе можете да ги подесите и поставките за Auto-Play. Сите овие нови опции ќе бидат достапни во macOS High Sierra. Само треба да ја спроведете надградбата, а за возврат ќе добиете Ad Blocker кој секогаш учи и се надградува – а вашето искуство на пребарување многу ќе се подобри.

Интересно е и дека Google неодамна најави дека ќе воведе сличен филтер за реклами во Chrome. Тоа всушност значи дека ќе се блокираат сите оние реклами што не ги продаде самиот Google.

Ако сакате да дознаете повеќе за новите функции и за се што Apple претстави на WWDC, прошетајте се низ нашите текстови!

Извор: TechCrunch

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!