imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Вашиот Dock е премногу натрупан? Испробајте ја оваа наредба во Terminal!


Апликациите на Dock се прилично корисни, бидејќи е доволно само да го ставите крусорот на саканата програма и таа веднаш ќе се сгтартува. Меѓутоа, пренатрупаниот Dock може да биде незгоден и за користење и за гледање. Имаме едноставна наредба за Terminal со која можете да го решите тој проблем.

Претходно, имав навика на Dock да ги држам сите икони кои ги користам за работа, факултет и забава, баш како што работат поголем дел од луѓето. Се работи воглавно за апликации за допишување, програми за уредување фотографии, iWork и Meister Task за организирање задачи. Но, ретко ги користам сите овие програми во исто време.

Следната наредба за Terminal ви овозможува на Dock да ги скриете апликациите кои не ги користите, и да ги вивите само оние кои моментно ги користите. За почеток, отворете Terminal и внесете ја следната наредба:

defaults write com.apple.dock static-only -bool TRUE

Притиснете Enter, внесете ја наредбата killall Dock па повторно притиснете Enter.

Сега на Dock ќе ги видите само активните апликации – означени со сива точка – и приказ на претходно отворените фајлови. Ако сакате, можете да се ослободите од тие прикази со внесување на следната наредба:

defaults write com.apple.Dock showhidden -bool TRUE

Притиснете Enter, па истото повторете го со killall Dock наредбата.

Ако сакате да се вратите на старо и да ги видите сите икони на Dock, внесете ги истите наредби, само заменете го TRUE со FALSE.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!