imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Видео покажува пропорционални dummy iPhone модели што ги очекуваме годинава


Блогот наречен Mac Otakara е познат по тоа што секогаш е добро информиран за азиските снабдувачи на Apple. Во рамките на видеозаписот, ќе ви покажеме колкава е големината на iPhone моделите чие доаѓање го очекуваме оваа година.

Се чини дека јапонскиот блог прилично добро ги знае параметрите на следната генерација на iPhone X, па поради тоа направи видео во кое на 3D dummy модели ја прикажува големината на пропорциите на трите нови модели кои би требало да пристигнат оваа година. Бидејќи до претставувањето не делат уште само три месеци, снабдувачите на Apple и производителите на маски дефинитивно би можеле да знаат што да очекуваат.

Секако, не се сите извори точни, но ако се сеќавате на минатата пролет, производителите на маски исто така придонесоа за протекување на информации за двојната камера и единствениот дизајн на iPhone X. Неодамна многу извори тврдеа дека линијата на iPhone производи ќе биде проширена со 3 нови модели, а овој пат секој од нив ќе го следи дизајнот на iPhone X, со целосен екран и дизајн на камерата.

Сега се чини дека новата верзија на моментно достапниот iPhone X ќе ги добие сите одлични функции, 5.8” екран ќе биде со иста големина, но сепак, би можело да дојде до некои промени. Според Mac Otakara, снабдувачите располагаат со пропорции 143.65 мм x 72.03 мм x 7.69 мм – што е 1.1 мм пошироко од моментно достапниот модел. Блогот исто така наведува дека овие информации би можеле да бидат неточни, бидејќи моментните маски му одговараат само на dummy моделот, кој е 1.1 мм поголем.

Меѓутоа, од трите очекувани модели, двата поголеми се поинтересни. Постојат многу гласини врзани за тие модели, но најверојатното сценарио дека поевтиниот среден модел ќе добие LCD наместо OLED технологија, како и уште еден гигантски уред, чија големина варира помеѓу 6,4 и 6,5 инчи.

Па, тоа звучи навистина големо, но ако ги земеме во обзир големините, можеме да видиме дека големината на куќиштето е всушност поголема од моментно достапниот iPhone 8. Според Mac Otakara, наведениот мдоел ќе добие 6,4-инчен OLED екран и ќе биде со следните пропрции:  157.53 мм x 77.44 мм x 7.85 мм. За споредба, големината на моментно достапните Plus модели изнесува: 158,4 мм x 78,4 мм x 7,5 мм.

Не е тешко да се заклучи дека љубителите на поголеми телефони можат да бидат исклучително среќни – веројатно ќе добијат уред со помало куќиште, но со уште поголем екран. Нашето искуство со iPhone X веројатно би можело да биде исто и во случајот на овие модели: 6.4” iPhone ќе биде подебел во споредба со Plus моделите. Концептот за тоа да се оствари би можел да биде интересен обид за Apple, бидејќи тоа не би им одговарало на екраните на класичните 4.7” – 5.5” модели, барем што се однесува до корисниот простор.

Се на се, вистинската големина би можела да биде една овие две, а тоа е веројатно обид на Apple да им се приближи на оние корисници кои не можат да потрошат премногу пари. OLED моделите ни оваа година нема да бидат евтини, се очекува дека 6.4” модел би можел да биде ужасно скап, па поради тоа многу веројатно е дека поголем дел од корисниците би го купиле iPhone моделот со исти функции, но со поевтина технологија на екранот.

Извор: Mac Otakara

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!