imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Во иднина рачно ќе може да го исклучиме забавувањето на iOS поради батеријата


Барем така тврди Tim Cook во интервју со ABC News, така што тоа можеме да го земеме здраво за готово. Освен тоа, скората надградба ќе даде подобри можности за преглед на состојбата на нашите батерии.

Не би требало детално детално да ги опишуваме моментните настани кои го опкружуваат Apple. Накратко: како времето поминуваше, Apple почна да ги забавува перформансите на iPhone уредите кои се ближат до крајот на својот циклус за да се избегне изненадно исклучување на уредите.

Според нашето мислење, Apple донесе исправна одлука која оди во корист на корисниците. А дури и iPhone кој работи побавно подобар од iPhone кој работи брзо, но често е исклучен и бескорисен. Исто така, ова забавување влијае на само неколку задачи со високи перформанси и поголем дел од корисниците не забележаа никакви промени. Единствената грешка на Apple беше тоа што не комуницираа доволно транспарентно со корисниците и купувачите.

Не е дека воопшто не комуницираа со нив. Ова ново управување со перформансите стигна пред една година со надградбата iOS 10.2.1. А на листата на новите функции истакнаа дека променија неколку работи во системот со управување на енергија. Тоа никој всушност не го забележи тогаш, но една година подоцна сите на ум го имаа забавувањето и целиот свет почна да создава завери за планирана застареност.

Оттогаш, Apple им се извини и на своите корисници им нуди опција за замена на батериите по намалена цена. Во интервјуто кое го даде Tim Cook за ABC News можевме да слушнеме и за тоа кои се следните чекори на Apple:

Исто така… најпрвин во изданието за програмерите кое пристигнува следниот месец, ќе им пружиме на корисниците видливост на здравјето на нивната батерија. Со цел се да биде многу, многу транспарентно. […] и ќе им кажеме на корисниците дека ги намалуваме перформансите на нивните уреди во одредена мерка за да избегнеме неочекувано рестартирање. А ако тоа не го сакате, можете тоа да го исклучите.

Тоа е прилично изненадувачки потег од страна на Apple. Досега сами одлучуваа за сите прашања кои имаат толкаво влијание на корисничкото искуство и не им даваа слобода на одлучување на корисниците. И не смееме да заборавиме дека овие единствени опции осигураа навистина високо корисничко искуство кое iOS можеше да им го пружи на сите.

Единственото прашање е – дали би ја исклучиле таа функција?

Извор: Macrumors

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.