imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Во март пристигнуваат AirPower и новиот модел на AirPods


Според достапните информации, AirPower, сталакот на Apple за безжично полнење и новата генерација AirPods со безжично напојување би можеле да пристигнат во март.

Минатиот септември Apple ги претстави своите први уреди со безжично полнење, но и соодветен полнач, кој функционира и со Apple Watch и со AirPods. Не открија премногу детали, но го најавија лансирањето за почетокот на 2018. година. Според анонимните информации од Best Buy, Apple Post објави дека сталакот за напојување ќе тргне во продажба во март, баш како и новиот модел на AirPods со кутијата за безжично напојување.

Apple најави дека и постариот модел на AirPods слушалки ќе биде компатибилен со новото решение за полнење. Се што ќе ви биде потребно е кутијата за безжично напојување и AirPower. Изворот, исто така, наведе дека кутијата ќе биде достапна и во resseler продавниците, но само во пакет со AirPods слушалките. Поради тоа, претпоставуваме дека поединечно ќе може да се купи само во Apple Store.

Точниот датум на лансирање не е напоменат, само дознавме дека првата нарачка и моделите за демонстрација би можеле да стигнат во продавниците во текот на следниот месец. Штом добиеме релевантни информации за македонскиот пазар, ќе ве известиме.

Извор: Apple Insider

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!