imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Во потрага по непробојна лозинка


Дали постои? Дали е можна? Како изгледа? Колку е долга? Колку големи и мали букви содржи? Сè што треба да знаете за добрите лозинки во рамките на една единствена статија…

Па, навистина не ни треба објаснување, но еве како точно изгледа дефиницијата за лозинка според Wikipedia:

„Лозинката е збор или низа знаци кои се користат за автентикација на корисникот, односно за докажување на идентитетот или одобрување на пристап со цел корисникот да има пристап до извор, а кој мора да се крие од оние на кои пристапот не им е дозволен”.

Веројатно ретко размислувате за тоа, но комбинацијата на вашето корисничко име и лозинка е всушност вашата лична карта која ја користите на интернет. Тоа е доволно за да влезете на вашата банкарска сметска или да префрлате пари, па дури и можете да ја решите вашата даночна пријава. Покрај тоа, корисничкото име обично не е таен податок, па лозинката е единственото нешто со кое можете да се верификувате. Во споредба со тоа, најпопуларната лозинка со години е следната:

123456

Иако во последно време се чинеше дека ситуацијата се подобрува, општото ниво на образование на луѓето е прилично ниско во однос на дигиталната безбедност. Работата е дека додека поголем дел од луѓето ги добиваат своите први лични карти на возраст од 14 години, со нивниот онлајн еквивалент се стекнуваат многу порано и се подготвени да го поделат со било кого.

Сепак, не треба само да дејствуваме за да не ги даваме на нашите лозинки на било кого. Се обложувам дека сите сте се сретнале со ситуација кога вашата регистрација на веб-страница е забранета, дури и ако сте ја пробале 120 пати, бидејќи се уште ви е потребен посебен карактер или голема буква со цел да креирате безбедна лозинка. Верувајте ми, не сакаат да ве одбијат, тоа е само за вашата заштита.

Колку е покомплексна и поразновидна лозинката, толку е потешко да се хакира. Тука можете да најдете одличен веб-сајт со кој можете да проверите колку време ќе му биде потребно на компјутер за да ја пробие лозинката. Да видиме пример, колку време би додале сите екстра специјални знаци, броеви и симболи. На пример, не е важно што лозинката “tinycat” е долга 7 карактери, ќе му бидат потребни 200 милисекунди на алгоритамот за да ја хакира. Меѓутоа, ако користите голема буква во неа ‘Tinycat’, тоа ќе потрае 26 секунди. Во споредба со ова, дополнителна бројка може да ја подобри ситуацијата: за ‘tinycat1’ ќе биде потребна 1 минута, но комбинацијата на двете за ‘Tinycat1’ ќе трае околу 2 часа.

Според веб-страницата, за заштитена лозинка од 15 карактери автоматски генерирана од Keychain ќе бидат потребни 16 милијарди години за да биде пробиена. Секако, со растот на капацитетот за пресметки, овој проценет временски интервал ќе се намали, но можеме да се заштитиме за некое време.

„Добро, но лозинките генерирани од Keychain се толку тешки да се запаметат, а сепак во било кое време би се сетил на ‘tinycat1’ . Да, тоа е точно, но Keychain исто така ги памети лозинките и автоматски ги запишува кога тоа е потребно. Ако имате административен пристап, својата лозинка можете да ја добиете во текстуален формат. Затоа се исплати да се употребуваат апликации за управување со лозинките, бидејќи така можете да живеете полесно и поудобно.

Ако не употребувате такви апликации, морате да внимавате на следните правила кога ја избирате лозинката:

  • Мора да има барем 8 знаци, но 10 е подобро.
  • Треба да содржи по неколку мали и големи букви и бројки (најмалку по два од секој).
  • Треба да ја менувате одвреме навреме (секој шест до дванаесет месеци).
  • Не би требало да избирате разбирлив израз, на пример име, прекар или датум на раѓање (ни својот ни на своето дете).
  • Немојте да ги подготвувате во документ на десктоп површината (изберете ја апликацијата Enpass).
  • Немојте истовремено да имате иста лозинка на повеќе интернет страници.
  • Немојте да избирате лозинка која се состои од знаци сместени еден покрај друг на тастатурата.
  • Ако можете, секогаш изберете автентикација во чекора.

Сега ќе ви ги откријам најлошите лозинки на сите времиња според изборот на SplashData. Во ниту еден случај немојте да ги употребувате следните лозинки, бидејќи тие се најмногу хакирани во последните неколку години:

123456; Password; 12345678; qwerty; 12345; 123456789; letmein; 1234567; football; iloveyou; admin; welcome; monkey; login; starwars; 123123; dragon; passw0rd; maste; hello; freedom; whatever; qazwsx; trustno1

Поука: Внимавајте, употребувајте сигурни лозинки и држете се до наведените правила. Никогаш нема да бидете целосно сигурни, но за тоа ќе може да прочитате во четврток…

Да, знаеме дека за многумина од вас ништо од наведените информации не е нешто ново, но искуството докажува дека поголем дел од жителите на планетата Земја не се запознаени со нив. Поради тоа, само мирно и поделете ги овие информации со сите кои ја имаат лозинката 123456.

Извори: Time, howsecureismypassword.net, Wikipedia

Keychain е одлична зададена апликација за управување со лозинки, но во App Store можете да побарате и некоја друга. Нам фаворит ни е Dashlane, па фрлете око на неа.

Преземете ја Dashlane Password Manager од Mac App Store (Mac, бесплатна, содржи IAP)

Преземете ја Dashlane Password Manager од iOS App Store (iPhone, iPad, Apple Watch бесплатна, содржи IAP)

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.