imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Во потрага сте по најдобриот телевизор? Имаме еден за Вас!


Ќе дојде денот кога ќе си помислите: Сакам нов телевизор! Ќе се запрашате: Каков да купам? Ќе се обидеме да Ви помогнеме со оваа статија да го купите најдобриот телевизор.

Единствено нешто за кое што би размислувале повеќе од купувањето на телевизор, би било купувањето на нов автомобил. Изборот е огромен и има илјадници модели со иста големина. Има толку многу маркетинг атрибути: UHD, SUHD, OLED, 3D, нано кристали, HDR, бескраен контраст, светлина, телевизори со заоблен екран, телевизори со рамен екран итн. Ако влезете во продавница за технологија, може да видите стотици изложени телевизори на кои што се прикажува демо видео. Повеќето се одлучуваат за оние телевизори кои имаат евтина цена, секако така изборот е најлесен, но има и такви на кои им е битно како изгледа телевизорот или што има на попуст. Но, што ако цената не е најбитна и едноставно сакате да го имате телевизорот со најдобар квалитет на слика во светот?

01_lg_b6_test

 

Вие не сте поблиску до саканиот производ, дури и ако имате многу пари, исто толку колку што ќе Ве чини MacBook Pro. Компаниите ќе Ви ветуваат се преку маркетинг и може да видите само совршени, квалитетни демо содржини во продавниците каде што се изложени телевизорите и со одлична светлина. Потоа, кога ќе го донесете Вашиот нов телевизор дома по неколку часа чешање на главата додека да се одлучите, ќе сфатите дека има толку многу проблеми со него. Тој е бавен, црните бои се бледи, има пресликување на сè, премногу е голем, премногу мал, ќе има подобар објавен утре за иста цена, итн. Можете да бидете разочарани од Вашиот нов телевизор се до наредното купување на телевизор за околу 8-10 години подоцна, а потоа и целиот циклус започнува повторно.

За жал има сериозна борба со спецификациите меѓу компаниите и многу луѓе имаат тенденција да паднат на реклами. Различните брендови се обидуваат да се надминат себеси и обично на крај корисникот останува незадоволен. Пред некое време 3D беше кул работа; сега кул е 4K и паметните телевизори што е битно да се нагласи. Исто така актуелно е сега Mega Contrast, иако неам поим што би можело тоа да значи, иако Mega Contrast во пракса би значело 2000: 1.

Man looks at LCD TVs in store

 

Да разјасниме некои работи. Набитна работа кај телевизорите е квалитетот на сликата. Се останато е само за да Ве збуни во изборот. Заоблен екран? Заборавете на тоа, нема никаква поента. Сликата е изоблечена од страните и целата дневна просторија е отсликана на екранот. 3D? И тоа нема поента. Ќе почне многу да Ве боли главата, дури може и мигрена да добиете и нема да имате желба да седите дома и да гледате 3D филм со наочари на главата. Тогаш, да се навратиме на квалитето на сликата. Овој аспект е најтежок за проценка според спецификациите и како што пишавме претходно, нема да сте во можност да оцените каков е квалитетот на сликата во продавниците, а вообичаено и продажните лица нема да Ви помогнат многу – со целосна почит до нив. Ќе треба да истражувате многу по форуми и да барате објективни мислења за да го најдете најдобриот телевизор, а најдобриот е, се разбира LG.

 

03_lg_b6_test_fullwidth

Пред да се затрчате во продавница, продолжете со читање на статијата, бидејќи LG има голем избор на OLED телевизори и навистина, има разлика за кој ќе се одлучите.

Можете да заборавите на закривените екрани, или на моделите од 2015-та со webOS 2.0. За првото веќе дискутиравме дека е сосема бесмислено. А за второто, софтверот и не е така добар. Она што Ви преостанува се 55″-65″ моделите, означени со B, G и E. Ќе треба уште малку да истражувате за да дознаете дека единствената разлика е во цената и дизајнот и за тоа дали се со опција за 3D или не. Со ова се елиминираат G и E моделите, со што ни останува B6, моделот за кој ќе зборуваме.

 

04_lg_b6_test_fullwidth

Прво што треба да одлучите е дали сакате 55″ или 65″ модел, бидејќи нема мала верзија на овој модел. Ова е прашање на тоа колкав е Вашиот буџет и колкава е просторијата во кој ќе биде сместен. Ако не можете да гледате подалеку од 2 до 2.5 метри тогаш 55″ модел е за Вас. Но, ако имате поголем простор и буџет, тогаш 65″ е вистинскиот избор. (Има и 77″ модел, но цената е навистина висока.) Не треба ниту да се дискутира за 4k резолуцијата, овие денови вреди да се купи телевизор со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, но ниту еден од наведените телевизори нема таква резолуција.

Па, да почнеме со презентирање на овој модел, после долгиот вовед.

Дизајн

LG B6 е прекрасен! Можете да ја видите тенката метална рамка од напред, но исто така изгледа убаво и од страните. Долниот дел е тенок колку кутија цигари, а горниот дел е тенок колку iPhone 7. Не дека многу ќе Ви влијае тоа додека гледате ТВ, но сепак, изгледа кул. Држачот на телевизорот е направен од плексиглас, така што телевизорот изгледа како да лебди во воздухот, но исто така можете и да го прикачите телевизорот на ѕид. Не се обидувајте самите да го монтирате и отпакувате бидејќи горниот дел е премногу тенок и можете да го оштетите додека го преместувате. Приметивме дека има и анти-рефлексивна обвивка на екранот, што е голем плус, бидејќи нема да се одбива светлината дури и преку ден.

 

05_lg_b6_test_fullwidth

 

Оперативен Систем

Добро е да споменеме дека webOS 3.0 е досега најдобриот оперативен систем на LG што го имаме сретнато кај телевизорите. Брз, лесен за користење и нема да трошите време да учите како се користи. Може да биде и побрз, на пример кога пристапувате до подесувањата на екранот, но сепак генерално е одличен оперативен систем. Многу е поинтересен и полесен за користење од тој на Samsung или на Sony. Анимацијата која ја имаат имплементирано за отстранување на иконите од dock е многу интересна. Погледнете го видеото, делот со отстранувањето започнува на 2:06. Малите работи Ве тераат да се размислите и да се одлучите.

Еве уште едно видео со Bean Bird како домаќин, кој помага во првото сетирање на телевизорот:

Квалитет на Звук

Нема што многу да се зборува за овој дел. Со еден збор: Заборавно. B6 нема некој посебен квалитет на звук од било кој аспект благодарение на тенкиот дизајн, иако има вградено Harman Kardon систем. Добро е да го имате, но сепак дефинитивно треба да го поврзете со подобар звучен систем. Звучникот на LG, Dolby Atmos SJ9 ќе биде претставен наскоро и кога ќе го добиеме, ќе Ви го презентираме.

06_lg_b6_test_fullwidth

 

Контрола

Повеќето далечински управивачи на другите брендови се катастрофа. Сепак, LG успеа да дојде до солидно решение и далечинското што доаѓа со телевизорот е одлично. Една од подобрите карактеристики е што работи со Bluetooth, не со Infrared, така што не мора секогаш да Ви биде насочено далечинското кон телевизорот. Другото паметно решение е тоа што во пракса, користите курсор. Можете да го движите курсорот низ екранот цело време преку детектор на движење вграден во далечинскиот, при што ќе биде со одлична точност. Во пракса имате глувче кое можете да го контролирате во воздух. Можете да го контролирате телевизорот и преку апликации за iPhone и за Android секако.

07_lg_b6_test_fullwidth

Влезови

Таму нема многу да се каже, HDMI и USB приклучоците се повеќе од доволно за да ги поврзете Вашите уреди на Вашиот телевизор. Исто така, има и аналоген и оптичка влез, како и простор за дигитална картичка за дигитални канали.

Услуги

Вие во основа добивате сè што некогаш сте сакале, благодарение на webOS 3. Сите важни апликации може да се симнат: Вашиот Web прелистувач, Netflix, Amazon Prime, Google Maps, временска прогноза, YouTube, Твитер, Фејсбук, или Plex. Вие навистина немате потреба од Apple TV, бидејќи сè е веќе на ТВ, или можете да го преземете од Content Store на LG. Можете, се разбира, да почнете видео на YouTube на Вашиот телефон и можете да проектирате на Вашиот телевизор преку еден допир на копче. Единственото нешто што треба да направите за ова е да сте најавени на Youtube, како на телевизорот, така и на телефонот. Ќе може да пуштате било кој формат преку USB, на пример, mkv. Ги врши преводите без проблеми, но тоа е прилично стандардно овие денови.

08_lg_b6_test_fullwidth

Квалитет на Сликата

Може да се погоди она што се очекува следно, врз основа на тоа дека ова е OLED телевизор. Квалитетот на сликата на B6 LG е едноставно неверојатен. Панелите OLED одговараат на секој уред, но може да се дискутира дали тие се вклопуваат најдобро во телевизорите, бидејќи сите нивни слабости може да покажат во затемнета просторија. Кога ќе гледате телевизија во текот на ноќта, вредноста на контрастот е прилично важен аспект.

Тоа е едноставно необјасниво колку е добро искуството да се гледа филм благодарение на совршената црна боја на екранот. Веројатно секој знае колку досадно може да биде кога ќе се гледа филм во текот на ноќта и сивата боја наместо црна се појавува во затемнета просторија. Ова не може да се види на LG OLED.  Има толку многу филмови кои веднаш стануваат подобри кога ќе го гледате на екран со ваков квалитет.

09_lg_b6_test_fullwidth

Покрај совршенаата црна боја, другите бои од палетата работат одлично, речиси совршено благодарение на природната калибрацијата. Имаше проблем со OLED панелите во минатото бидејќи боите не беа реални, но овие панели се навистина добри. Вие исто така можете да користите професионален систем за калибрирање на телевизорот, со што ќе се покаже само разликата од 1-3%, што е занемарлива вредност. Единствените нешта што можеби ќе сакате да се променат, целосно зависат од Вашиот вкус.

10_lg_b6_test_fullwidth

Нема ништо лошо со осветленоста, одлично! Телевизорот може да ја контролира осветленоста на секој пиксел одделно, што е уште една голема предност на OLED во споредба со LED панелите. Вие нема потреба да им го менувате осветлувањето, над 85 дури и во добро осветлена просторија за време на деновите, како и солидна 65, вредност совршена во текот на ноќта.
Тука навистина нема негативни работи да се споменат, дури и аголот на гледање е прекрасно направен, боите и контрастот нема да се променат дури ни кога го гледате екранот од 1 ° агол.

HDR

HDR треската започна пред една година на CES, а тоа е добра работа. Тоа е кратенка за High Dynamic Range, но не мислиме на оние неприродни HDR фотографии, кои беа толку популарни пред некое време на фотографската сцена. HDR прави поголем динамичен опсег благодарение на што квалитетот на сликата ќе биде многу поблиску до она што го гледаме со свои очи. Снимателот ќе треба да снима со камери кои можат да снимаат HDR се разбира.

11_lg_b6_test_fullwidth

Нема многу содржина достапна во HDR, но станува се подостапна на Netflix, Amazon Prime и на Blu-Ray. Тешко е да се објасни како е подобро од 4K. HDR не е како 3D, овој стандард има некаква смисла и почнува да се распространува, иако многу споро. Гледачите може да имаат одлично исуство благодарение на HDR.

SD-HD-4K

Многумина се прашуваат како овој телевизор ќе се справи со видеата со лош квалитет. За жал, ниту B6 не може да прави чуда, ако гледате видео со лош квалитет. Ќе изгледа малку подобро отколку на LED, но не очекувајте SD квалитет да се претвори магично во 4K Blu-Ray, бидејќи тоа е невозможно. HD-SD работи сосема добро, не можете да приметите дали гледате 1080p или 4K видео. Нема што да се прави со SD квалитетот, но ако имате среќа тие неколку ТВ канали ќе се сменат во HD или пак Full HD.

Заклучок

LG B6 е речиси совршен телевизор. Има некои помали проблеми се разбира, но ниеден од нив не е толку голем за Вие да не би можеле да живеете со нив. Ние не го препорачуваме овој телевизор за оние луѓе кои сакаат да играат игри со појак квалитет, бидејќи има 27-40ms заостанување. Единствените други негативни особини, можеме да ги споменеме тоа што има слаб квалитет на звук и релативно високата цена. Но, LG B6 е совршен во секој друг аспект, не е дилема дека го прави подобар од било кој друг LED телевизор. Има уште една негативна особина, а тоа е квалитетот на содржината.

12_lg_b6_test_fullwidth

Во времето на пишување на оваа статија, 55″ LG B6J чини некаде помеѓу 1.900 и 2.300 евра, додека 65″ B6J е околу 3.500 евра. Ова е многу пари, но во споредба со цената на MacBook Pro, навистина вреди за таа цена, особено за оние кои редовно гледаат филмови и ТВ серии. Да не заборавиме дека цените се намалија за половина во изминатите две години, а овој тренд се очекува да остане во чекор благодарение на најавите на OLED на овогодинешниот CES.

LG ги објави своите најнови OLED телевизори на овогодинешниот CES, кои повисока осветленост и ќе ја поддржуваат повеќе HDR стандарди, но овие телевизори се уште не се достапни, и кога ќе станат достапни најверојатно ќе бидат многу скапи. Ова е причината зошто ние ви препорачуваме да го купите B6, ако навистина сакате врвен квалитет на ТВ, додека тие се уште се на залиха.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!