imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Во App Store почна теророт на emoji


Apple делува брзо кога станува збор за emoji. Во последно време, ги предупредија програмерите на многуте популарни апликации исправно да ги користат емотиконите, бидејќи во спротивно нивните апликации наскоро би можеле да се најдат надвор од App Store.

Нема исклучоци, па дури и Slack и WhatsApp се предупредени да ги користат малите жолти главчиња она како што треба. Следниот пат нема да бидат предупредени, туку ќе добијат забрана на App Store, што исто така би можело да влијае на корисниците на Facebook, како и на корисниците на другата услуга за испраќање пораки, WhatsApp.

Што ова неисправно користење на emoji би можело да значи кон Apple? Emojipedia тврди дека постојат неколку нивоа на повреда на правилата. Првенствено, на Apple не му се допаѓа кога програмерите користат ликови кои се нивен заштитен знак во логотипите, копчињата или во текстуалните полиња во кои изворната тастатура не може да се користи. Поради тоа, нивната употреба не е допуштена ни во известувањата.

Кршењето на тоа правило би можело да резултира не само со тоа Apple да ја отстрани апликацијата од продавницата, туку и со тоа да не им допушти на програмерите вчитување на нивниот производ. Посериозен престап настанува кога програмерот ги користи емотиконите на Apple на Android или на другите платформи. Претходно споменатите аплиакција го правеа тоа, но по предупредувањето, веднаш ги променија поставките на emoji.

Иако овие правила можеби изгледаат смешни, Apple го направи она што мораше за да избегне уште поголем проблем. Вредноста на emoji – како и animoji – се повеќе и повеќе расте, дури и ако се сите достапни на сите уреди кои ги покренува Unicode. Единствената разлика е во тоа што нивниот изглед зависи од системот кој ги покренува.

Листата на емотикони во Unicode се проширува од година во година, а графичките дизајнери на Apple неуморно работат за да создадат многу нови емотикони, кои би можеле да се чинат бескорисни. Колку од нив користите?

Извор: Emojipedia

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.