imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Гласен цилиндар – Beoplay M5 Тест


B&O PLAY на Саемот CES го откри својот најнов звучник наречен M5. Компанијата го нарекува овој домашен уред “поврзан звучник”, што значи дека една од главните предности на овој производ е поддршката за различните безжични стандарди, заедно со неверојатниот дански дизајн.

B&O PLAY во последно време беше многу великодушен, бидејќи можеме да ги погледнеме или уште повеќе, да ги испробаме новите уреди пред да бидат претставени на пошироката публика. Истото важи и за Beoplay M5, бидејќи можеме да го користиме најновиот производ на данскиот премиум бренд, подкомпанијата на славниот Bang & Olufsen, уште пред официјално да биде претставен како дел од семејството на производи. Во овој тест, ќе пишуваме за нашите искуства при користење на производот.

M5 доаѓа во уредна кутија која е вообичаена за Beoplay, иако дизајнот може да ве потсети на претходните серии, наместо на прекрасното пакување на A2 Active. Првото изненадување беше големината на производот: очекувавме нешто поголемо од фотографиите што ги видовме. Второто беше кога ја отворивме кутијата, бидејќи самиот уред не зазема многу простор во пакувањето; пронајдовме само еден кабел и прирачник со упатство покрај производот, како и стиропор кој го пополнуваше остатокот од кутијата.

Го добивате уредот во форма на буре, сместен во кутијата. Дизајнот е прилично минималистички: горниот дел е алуминиумски диск; телото е покриено со мешавина од волна што се вика Квадрат, која може да ни биде позната од Beoplay А6, додека дното на уредот е направено од пластика. Постојат две варијации во боја: посветла и потемна, речиси црна. Можете исто така лесно да го смените квадратниот слој, само треба да го повлечете надолу и тој излегува, што значи дека можете да го координирате изгледот на звучникот со тоа како изгледа собата.

Во однос на неговата големина, M5 е висок 18,5 см и широк 16,5 см (не е толку голем), додека тежи 2,54 kg (што е прилично тешко за таков мал продукт). Алуминиумскиот диск на врвот е мултифункционална контрола: можете да ја промените јачината на звукот со вртење лево и десно (не може да се сврти до крајот, туку застанува и се враќа назад во првобитната положба), можете да ја паузирате или да ја пуштите музиката со притискање на дискот и да се префрлате помеѓу песните со притискање на дискот и негово вртење.

Дизајнот беше креиран од наградуваниот Cecilie Manz, кој претходно дизајнираше повеќе други B&O PLAY производи, на пример Beolit 12 и 15 и Beoplay A2 и A2. Сепак, Beoplay M5 изгледа малку повеќе слично на А6, кој беше дизајниран од Jakob Wagner, што најверојатно е поради Квадрат слојот. Од вашиот личен вкус зависи како ви се допаѓа овој дизајн: на некои можеби ќе им се допадне, но некои може да го сметаат за грд.

Влезните портови се скриени на дното на M5. Нив ги нема многу: има поставено приклучок за полнење, комбиниран аналоген / дигитален 3.5 милиметарски влез (од кој Apple се ослободи неодамна) и Ethernet порт. Тука се поставени копчето за вклучување и копчето за префрлање. Можете да поставите и безжични конекции со притискање на второто.

Го поставивме Airplay со него, што можете да го направите за неколку секунди: притиснете го копчето со зглоб на дното од звучникот и потоа преминете на WiFi поставките на вашиот iPhone каде што веќе треба да го видите уредот што можете да го додадете на WiFi мрежата со два допира на вашиот телефон. Постојат и други опции за безжично поврзување покрај Airplay на Apple: може да биде дека M во M5 се однесува на овој факт, бидејќи B&O PLAY не ја употребуваше оваа буква порано, за да ги означи своите производи.

Другите опции го вклучуваат добриот стар Bluetooth, со кој сигурно никој не треба да биде запознаен. Постои сопствениот стандард на Bang & Olufsen, BeoLink Multiroom, кој може да биде корисен за оние кои веќе поседуваат повеќе уреди од данскиот бренд – иако веројатно не се работи за многу луѓе. Потоа тука е кинескиот QPlay 2.0, како и Spotify Connect што се однесува на стандардната Spotify поддршка, што значи дека вашиот уред директно ќе ја користи услугата за стриминг, па ќе можете телефонот да го користите за други работи додека слушате музика. Оваа последново работи со iOS и Android; оваа опција претходно можевте да ја видите во А6 и А9.

Исто така имаме вграден Google Cast, кој е релативно нов во светот на B&O PLAY, иако ова можеме да го додадеме и на А6 и А9. Ова во основа е стандард многу сличен на AirPlay кој работи преку WiFi. Исто така е сличен и со некои делови на Spotify Connect, на пример стримигот базиран на облак. Можете да “синхронизирате” други системи за звучници компатибилни со овој стандард, исто како во случајот на AirPlay (иако тоа мора да го направите преку iTunes на десктоп), па така на пример, истата музика може да се пушти од три различни точки на куќата, од А9, А6 и М5 – единствената граница е вашиот паричник.

Ако успеавте да се поврзете со еден од шесте различни стандарди за безжична мрежа, да слушнеме и некоја музика! Музиката свири преку 5 различни звучници заедно: има еден вуфер од 13 см на дното на звучникот, еден звучник за средни тонови од 4 cm на предниот дел зад ткаенината, и три рамномерно поставени високотонци од 2 см на врвот. Благодарение на овој аранжман, Beoplay M5 го поседува B&P PLAY True360 звукот, што во теорија значи дека без разлика каде ќе стоите, секогаш ќе го слушате совршениот звук – во пракса, најдоброто искуство кое го добивате, сепак, е кога стоите пред него.

Кое е најдоброто звучно искуство е прилично субјективно. B&O PLAY користеше прилично избалансиран звучен систем; сепак, неодамна почнаа да ги следат трендовите кои велат дека колку повеќе бас толку подобро. М5 ги следи овие нови трендови, па има многу длабоки бас звуци. За среќа, високите звуци не исчезнуваат целосно, иако звуците од средниот опсег излегуваат како малку рамни.

Басот е толку многу присутен што може на моменти да биде вознемирувачки, посебно ако го ставите на работната маса. Доволно е вознемирувачко да работите на секогаш вибрирачко биро, и сè друго што го имате на маса ќе резонира со звукот. Волуменот не треба да биде проблем, лесно може да пополни средно голема соба со звуци. Сигурно ќе има луѓе на кои ова ќе им се допаѓа, иако како што рековме, се работи за целосно субјективно искуство.

За среќа, можете да ја користите стандардната Beoplay апликација за да го обликувате звучниот пејзаж на вашиот уред, исто како и со другите B&O PLAY модели. Можете да го направите ова преку интерфејс во облик на круг (наречен ToneTouch): во секој правец има звучен стил и можете да го поставите оној кој мајмногу ви се допаѓа со влечење или со намалување или зголемување на точката на врвот на уредот.

Со ова навистина можете да го прилагодувате Beoplay M5, па ако ја купите, преземете ја апликацијата и поставете го најдобриот звук, бидејќи малку конфигурација може многу да го подобри искуството. Исто така, можете да ги сочувате вашите поставки, па така на пример можете да креирате различни профили за различни музички жанрови. Основните сетинзи можат да бидат добри за некој EDM, но ако сакате да свирите метал, најверојатно ќе треба да ги промените поставките за да звучи добро.

Да резимираме, B&O PLAY повторно објави едноставен, но одличен звучник. Дизајнот изгледа одлично, квалитетот на звукот е одличен и е многу гласен дури и при ваква големина – и можете да го прилагодите преку ToneTouch. Ако требаше да истакнеме некои негативни страни, тогаш би можеле да ја споменеме само цената. 600 евра е многу, посебно бидејќи постојат и производи од други брендови кои се поевтини. Не би биле изненадени ако Beoplay M5 беше прв од новата производна линија, и ако компанијата ставеше поголем акцент на мултимедијалните решенија и безжичната технологија. Единствениот недостаток е цената, но сепак, кога воопшто бил евтин некој производ на B&O PLAY?

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.