imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Гласини се шират за 11-инчен iPad Pro – Зошто?


Веројатно нема да има таков уред. Ако размислиме два пати за тоа, би било бесмислено. Еве повторно една гласина која треба да се стави под знак прашање. И ќе ви кажеме зошто.

Во последно време имаше многу нови информации за идната генерација iPad Pro уреди. Некои шпекулации говореа за уреди со FaceID идентификација, но без Home копче и без рамки. Тоа не е ништо посебно, повеќето од изворите очекуваат претставување на ваков уред на следниот WWDC. Сепак, одредени извори додадоа малку повеќе детали и почнаа да зборуваат за iPad Pro со екран од 11 инчи, наместо 10,5 инчи.

Тоа би можело да се случи – не сме Ming-Chi Kuo, ниту пак Mark Gurman да имаме точни информации за следните уреди на Apple. Тоа може да изгледа логично. Со отстранувањето на Home копчето и со многу потенки рамки може да биде лесно 10,5 инчи да се трансформираат во 11. Но, овој потег навистина не може да се вклопи во сликата. Еве зошто…

Прво, сегашниот 10,5-инчен iPad е прилично нов модел, кој ќе наполни само една година на следната WWDC конференција во јуни. И е доста популарен. Дури и 9,7-инчниот iPad Pro траеше 15 месеци, иако имаше постар дизајн. Значи, не беше изненадувачки што Apple го замени овој модел. Сепак, многу посовремениот таблет тешко дека ќе биде заменет.

Второ, кога станува збор за надградба на производ, Apple обично ги прави уредите многу потенки и помали. Според неодамнешните модели, просторот што ќе стане достапен со намалување на рамките и отстранување на Home копчето може да се искористи за да се создаде помал iPad со идентичен 10,5 инчен екран. Поверојатно е да не се додаде уште половина инч на екранот, што ќе троши уште поголема моќ.

Трето, 11 инчи се блиску до 12,9 инчи. Не се појавија нови информации за промена на моделот од 12,9 инчи, па можеме да нагаѓаме дека овие уреди ќе останат непроменети. Тоа може да го направи претставувањето на 11-инчен уред сосема непотребно. Зголемувањето на екранот од 9,7 на 10,5 инчи беше разумен потег, но тоа не изгледа така во поглед на 11- инчниот дисплеј.

Конечно, треба да додадеме дека главен извор на гласините е тајванскиот економски дневен весник кој беше напишан на кинески јазик. Значи големите изненадувања може да бидат отфрлени од вестите кои се базирани на Google Translate, кои го велат токму следново:

Apple се очекува да го лансира новиот iPad Pro со екран од околу 11 инчи.

Би сакале да нагласиме еден суштински збор во реченицата: ОКОЛУ. Тоа значи дека може да биде 10,5 инчи, тоа не значи дека новиот iPad Pro сигурно ќе има 11-инчен екран.

Сè на сè, не е сигурно дека ќе биде претставен горенаведениот таблет, бидејќи навистина не одговара на сегашната слика. Пред да почнете да штедите пари, почекајте ја веста на оваа тема од Kuo или Gumran.

Извор: iPadInsight

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!