imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Гледајте YouTube на целиот екран на iPad со помош на овој трик


Дали сте забележиле дека кога го користите Safari за отворање видеа од YouTube на вашиот iPad, не можете да ги гледате да целиот екран? Уште повеќе, ви недостасуваат и неколку други опции, како PIP функцијата. Постои решение за тоа!

Ако гледате видео на iPhone или на Mac, ако ја допрете иконата за зголемување, можете да го гледате видето во целосна големина. Ако истото го направите на iPad, видеото ќе се зголеми во склад со прегледникот и некои делови ќе останат видливи. Со оглед на тоа дека YouTube не го користи изворниот iOS прегледник, не ви е достапна ни PIP функцијата. Меѓутоа, ако сте доволно паметни или знаете неколку трикови, можете да го совладате овој здодевен и бесмислен недостаток.

Секако, нема да пронајдете решение за овој проблем во поставките на YouTube, наместо тоа Bookmarklets ви нудат решение. Ако досега не сте слушнале за ознаките, би требало да знаете дека можат да покренат само еден javascript кој во основа е „минијатурна” веб апликација. Ако исто така употребувате Safari на вашиот Mac и ги синхронизирате овие да уреда, тогаш свежо додадените Bookmarklets ќе бидат достапни на двата уреда.

Додавање на Bookmarklets во Safari

Операцијата е многу едноставна. За да создадете Bookmarklets, треба да го направите следното: Создадете ознака за било која страница и подоцна избришете го насловот што и припаѓа, а потоа вметенете ја скриптата во овој празен простор, кој подоцна ќе делува како ознака.

За да го отворите YouTube на целиот екран додека го користите Safari, морате да го направите следното:

  • Отворете Safari и побарајте ја страницата по ваш избор
  • Допрете ја стрелката од горе кон дното и подгответе ја страницата во вашата библиотека
  • Копирајте ја оваа скрипта: javascript:document.querySelector(“video”).webkitEnterFullScreen ();
  • Притиснете ја иконата за ознака на дното и побарајте ја одредената единица која претходно сте ја снимиле
  • Вметнете ја скриптата, преименувајте и снимите

Вреди да се смести оваа скрипта во посебен фолдер или во Favorite, за да можете да дојдете до неа во само неколку кликови.

Исто така, можно е да дојде до познатиот PIP режим со истиот трик. Можете тоа да го направите со помош на наведениот метод. Употребете го следниот код: javascript:document.querySelector(“video”).webkitSetPresentationMode(“picture-in-picture”); најдобра работа е тоа дека работи дури и на вашиот десктоп прегледник. На тој начин можете да го занемарите стандардниот видео плеер на YouTube и наместо тоа да го користите изворниот метод на Apple.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.