imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Го имаме официјалниот датум и локацијата на годинашниот WWDC


Apple официјално го објави датумот и местото на одржување на годинашниот WWDC, нивната конференција за програмери. Местото не ни е непознато, но што можеме да очекуваме од програмата оваа година?

На MacRumors уште пред неколку недели пишуваа за можното место и времето на одржување на годинашниот WWDC. И погодија! Поради тоа, отворете го календарот и забележете го овој важен датум: церемонијата на отворањето ќе се одржи на 4. јуни во The McEnery Convention Center во Сан Хозе.

 

.

Apple има обичај токму на оваа конференција да ги претстави верзиите на iOS, macOS, watchOS и tvOS и најновите надградби за програмерите. Така минатата година го претставија ARKit и некои нови хардвери, како втората генерација на iPad Pro.

И оваа година не очекуваат многу возбудливи работи. Не се сомневаме дека ќе ја претстави новата верзија на својот мобилен оперативен систем, iOS 12. Веќе е откриено доста за оваа надградба, па знаеме дека ќе се насочат на стабилноста на системот наместо на новите функции. Минатата недела слушнавме гласини за нови iPad уреди, а неколку извори ги потврдија шпекулациите дека новиот модел на iPad Pro би требало да има поддршка за Face ID.

Уште три месеци не делат од 4. јуни, но немајте грижа – редовно ќе ве известуваме за се врзано за оваа тема.

Извор: Apple Newsroom

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.