imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Го повикав Apple Support и WOW!


Apple за минута, преку телефон го реши долгорочниот проблем кој го имав со сметката. Еве го моето искуство со Apple Support и процесот што траеше 15-тина минути.

Сите мразат да ја контактираат службата за корисници преку телефон: тоа е бавен и напорен процес и поголем дел од времето се расправате со некој кој е најмалку задолжен за вашите проблеми. Се уште имам кошмари поради Nokia Care, што може да биде сумирано во една решеница: Ви благодариме на купувањето, отсега ни е @#!e за вас! Поради сите лоши искуства, никогаш не очекував нешто позитивно. Но, со Apple беше поинаку.

Долгогодишен корисник сум на Apple и никогаш немав проблеми со уредите кои не можев да ги решам со помош на мало пребарување на Интернет. Тоа е во основа извор на нашата рубрика Совети, која ја користиме за да ги поделиме нашите искуства со вас. Овој проблем со iMessage ме мачеше со месеци. На крајот, престана да работи на моите MacBook и iPad, и услугата беше достапна само на iPhone.

Конечно, го посетив support.apple.com. Со неколку кликови, стигнав до образецот во кој можам да го внесам мојот контакт или да ги опишам деталите на мојот проблем за да можат да се подготват за мојот случај кога ќе повикам или ќе побарам повратен повик. Штом имав прилика, го повикав бројот 0800 222 427, на кој се јави навистина љубезна госпоѓа која ме праша за деталите на мојот проблем на мојот јазик.

Го бараше мојот контакт број во случај да дојде до прекин на повикот. Праша дали можам да го продолжам повикот на англиски јазик. Не знам што би се случило доколку кажев не, но по потврдниот одговор, веднаш ме префрли на својот колега. Додека чекав, ги слушав топ хитовите од Apple Music. По 3-4 минути, ми здодеа да чекам и ја спуштив слушалката.

За 2 минути ме побараа назад, а од другата страна на линијата се наоѓаше агент од Индија. Знаеше се за мојот проблем, моите уреди и го доби мојот Apple ID од мојата локална поддршка. Ме замоли да се пријавам на веб-страницата appleid.apple.com и да побарам и потоа да кликнам на Support Pin. По генерирање на четирицифрениот број, мојата сметка му стана достапна.

Се што требаше да направам е да причекам некои 50 секунди, додека тој ја гаснеше и повторно ја оживеа мојата сметка. Потоа ме замоли да пробам да се најавам во iMessage на уредот на кој претходно не работеше. И УСПЕХ! Технички, на Apple му требаше помалку од минута да го реши мојот проблем на оддалеченост од илјадници километри. Значи, денешниот совет е – ако имате било какви проблеми, слободно јавете се на поддршката на Apple; тие со леснотија можат да го решат вашиот проблем на исклучително љубезен и културен начин.

Или можете да фрлите око на нашиот фолдер Совети за да пронајдете решение за вашиот проблем.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.