imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Го тестиравме новиот iPad – Достапен таблет одличен за секого


Штом новата, шест генерација iPad пристигна во продажба, го купивме. Цената е поволна, направени се само неколку компромиси, а поддршката за Apple Pencil беше одлучувачка за купувањето. Дали зажаливме поради својата импулсивна одлука по неколку недели користење? Дали е ова уред на Apple со најдобар однос на цената и квалитетот?

Apple пред неколку недели ја лансираше надградената верзија на „обичниот” iPad. На скромната презентација ја промовираа едукативната страна на своите уреди и претставија спој на евтин iPad и скап iPad Pro. Овој новороден уред ја наследи цената од својот претходник, а од iPad Pro ја презема поддршката за Apple Pencil. Среќна комбинација, зарем не?

Мораме да признаеме дека никогаш не сме паднале на некој уред како што тоа беше случај со овој iPad. Горди сопственици сме на новиот iPad, бидејќи знае се, а неверојатно е евтин.

Освен неколкуте помали компромиси, на овој уред ништо не му недостасува, а почетната цена од 25.990 денари навистина е ниска, па простуваме се. Благодарение на Apple Pencil, корисничното искуство е одлично, а тука се и A10 Fusion чипот и можниот хардвер кои лесно ги покренуваат сите функции на iOS 11, вклучувајќи го и мултитаскингот.

Тоа е важно да се напомене, бидејќи најновиот iOS е достапен и за iPad mini, но неговиот хардвер не е доволно добар за сите нови функции. Сепак, намалете ги очекувањата, ова не е Pro модел и на некои компромиси треба да се согласите. Заборавете на освежувањето на екранот од 120 Hz, ламинираниот екран, камерата на iPhone 7 со стабилизатор, смарт конектор и најнов процесор. Иако цената му е отприлика двојно помала од Pro моделот, сами морате да одлучите дали вреди да се откажете од наведените функции во корист на пониската цена.

Хардвер

Кога ќе ја отворите кутијата, нема да видите ништо необично; меѓутоа, јасно ќе видите дека новиот iPad нема ламиниран екран. Тоа служи за цврсто поврзување на горниот стаклен слој со LCD панелот. Во пракса, неговиот недостаток не може да се види, бидејќи екранот е малку потемен и има постаклен изглед во однос на iPhone Pro или iPhone. Тоа е едно од нужните зла на пониската цена, но постои и посветла страна – во случај на потреба за поправка, ќе поминете поевтино.

Вклучувањето на уредот не бара нималку време, навистина е брзо. Во 98 проценти од случаите, A10 Fusion чипот и 2 GB RAM се и повеќе од доволно. Не можевме да го забавиме ни со користење на апликации како Affinity Photo, кои бараат големи компјутерски капацитети. Новиот iPad го прави тоа што треба, и тоа со елеганција.

Долгоочекувана поддршка за Apple Pencil

Претходно немавме никакво искуство со Apple Pencil. Но, кога Apple одлучи да го направи достапен за iPad моделите од пониска категроија, заклучивме дека е време да се набави. Најмногу затоа што Logitech дигиталното пенкалце претставено на презентацијата знае само половина функции, а се уште не е ни достапно.

Нема сомневање дека Apple Pencil е доволно добар, бидејќи не се менуваше од самото лансирање – го знаеме и го сакаме. Поважно е прашањето што новиот iPad може со него. Тешко е да се споредуваат впечатоците со iPad Pro, бидејќи прецизноста на моливчето многу зависи од самата апликација. Затоа Apple Pencil е само нијанса побавен на новиот iPad.

Тоа би можел да биде проблем во случај многу брзо да пишувате или ако сакате да чкртате, но кога правите скици, цртате и боите, навистина нема никаква разлика. Впрочев, како и што рековме, се зависи од апликацијата. Во апликациите на Adobe, како Sketch и Comp нема никаква разлика, бидејќи програмата ја следи трасата на моливот на iPad Pr,o токму онака како што тоа го замислиле инженерите во Apple.

Според наше мислење, ако поминувате часови цртајќи на својот таблет, тогаш новиот iPad не е идеален избор за вас. Во тој случај е подобро да побарате нешто во понудата на iPad Pro, бидејќи овие модели нема да ве разочараат. Од друга страна, ако сакате iPad со дигитално моливче за да можете да водите белешки или изработувате скици, тогаш овој нов уред ќе ги задоволи сите ваши потреби.

Мораме да ги споменеме и звучниците. Знаеме дена не е чесно да се споредува новиот iPad со уред што е двојно поскап, но ако не можете да се носите со малку затворен звук, тогаш не го купувајте овој производ. Ние го испробавме и може да држи чекор со минатогодишниот модел, но во споредба со iPad Pro, кој има стерео звук, разликата е голема. Нам звукот не ни е најважен фактор, но вие секако послушајте го новиот iPad пред купување.

Живот без компјутер

Еве прашање кое се чини едноставно, но всушност е најважно. Се наведува на заклучокот дека постоечкиот концепт на компјутер не е дел од плановите на Apple за иднината. Пробавме еднаш да живееме без MacBook – искуството не беше целосно промашување, но не престраши цената на iPad Pro моделите.

Но сега го имаме идеалниот испитаник – мене. Јас ги поседувам и ги користам речиси сите делови на екосистемот на Apple, но iPad беше исклучок. Сум го имал во рацете можеби два пати. Не ми се допадна, цената со пристоен речник кажано беше одбојна и не можев да сфатам што ми нуди, а да го немаат другите уреди.

Во случајот на новиот iPad, првиот викенд беше чуден и непријатен. Се потрудив да пронајдам било која деловна задача за која би можел да го користам, наместо исклучиво за лични потреби. Работев на него само 10 минути. Сфатив колку сум навикнат на управување со гестикулации од iPhone X и многу ме изненади колку ми е чудно да го користам Home копчето. Меѓутоа, беа одлучен и не сакав да се откажам, па го оставив својот MacBook Pro во канцеларија и заминав дома само со iPad.

Ми беше доволна една вечер да сфатам дека е најдобро својот главен работен уред да не ги носам дома. iPad не го окупираше целото мое слободно време како MacBook Pro, кој е полн со работни задачи. И натаму тоа беше уред за забава со здрава доза на работа. Игрите се поголеми и подобри, нема прегревање, батеријата е издржлива и нема потреба за полнење и до неколку дена.

Токму тоа е големата предност и навистина освежувачко чувство во однос на iPhone. Не ги инсталирав сите свои апликации, па вечерите ми беа помирни, без оглед на тоа што се навлеков на Asphalt 8, но тоа е друга приказна. Сега го носам MacBook Pri дома само ако навистина заостанувам со деловните обврски или ако сакам да програмирам, за што ми е непоходен macOS.

Се на се, со гордост можам да кажам дека на крајот на пробниот период и се придружив на растечката група луѓе кои веруваат дека на луѓето се помалку ќе им требаат компјутери во домовите и дека е добро конфигуриран таблет е доволен за работа од дома.

Заклучок

Откако се прочитавте за нашите искуства, нема потреба од понатамошни објаснувања. Новиот iPad отскокнува од сите втемелени патеки на Apple: не се работи за таблет со врвен квалитет, но несомнено има извонреден хардвер, полна поддршка и исклучително добра цена. Би можеле да го наречеме iPad SE, но дури ни iPhone SE не беше толку посебен. Ако овој уред не ве наговори да купите таблет, ништо нема. Навистина им го препорачуваме на сите. Ако имате намера да го користите за пишуваме со така или цртање, Apple Pencil е незаобиколен додаток. Дури и со него, цената ќе биде помала од нов лаптоп.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!