imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Дали ве нервира оценувањето на апликации? Можете лесно да го запрете


Само една работа е полоша од рекламите во рамки на апликациите – несаканите скокачки прозорци. Ако сакате, лесно можете да се ослободите од нив. Ќе ви објасниме како!

Да замислиме дека ја преземате играта која сте ја платиле. Како да не е доволно што програмерите ви нудат накнадни купувања во рамки на апликацијата, самата апликација подоцна ќе ви бара да и напишете топол коментар и да ја наградите со пет ѕвездички. Тоа не би било проблем доколку тој здодевен скокачки прозорец не се појави само пет минути по користење на апликацијата. Ако сум задоволен со неа, би сакал позитивно да ја оценам, но кога самиот тоа ќе го посакам.

Со оглед на тоа дека поголем дел од корисниците исто размислуваат, овие скокачки прозорци се навистина непотребни. За да ги отстраните, треба да го направите следното:

  • Отворете Settings.
  • Одете на менито iTunes & App Store и отворете го.
  • Пронајдете In-App Ratings & Reviews.
  • Исклучете ја таа опција со поместување на лизгачот од страна.

Вака ќе спречите апликациите да ви испраќаат скокачки прозорци, но програмерите сигурно ќе смислат нови и покреативни начини да уфрлат порака во својата апликација. Се е прифатливо додека не влијае на нашата желба за користење на таа апликација.

 

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!