imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Дали го слушате Laurel или Yanny? Еве ја вистината!


Интернетот повторно експлодираше. Овој пат прашањето не е во тоа дали фустанот е син или златен, туку за тоа дали зборува машината Laurel или Yanny. Светот е растргнат во две групи, поради тоа повторно би сакале да соединиме човештвото против науката.

Следната лудост го растргна интернетот во секунда, односно феноменот Laurel или Yanny. Ако не сте биле свесни за моментната ситуација: на Интернет беше впишано видео во траење од неколку секунди на кое можете да слушнете само еден збор од синтетизаторот на говор. Загатка е она што би можел да биде тој збор. Еден дел од светот тврди Laurel, додека другиот вели Yanny.

Ако можете да се сетите на случајот со синиот или златен фустан, но наместо очите, овој пат вашите уши ве мамат.

Меѓународните медиуми се насочија кон различните експерти за да дознаат повеќе за овој феномен. Тие имаа различни одговори кои делумно водат во еден правец кој на светот би можел да му донесе рамнотежа. Наместо самите да се мачите со тоа, во овој текст ќе ви ги покажеме причините, како и различните аспекти кои би требало да ги земете во предвид.

Подготвеност

Во психологијата и различните перцептивни прегледи, истражувачите го набљудуваат ефектот на подготвеност. Ако сакате да одлучите за прашање за кое претходно сте имале впечаток, многу е веројатно дека така ќе одлучите.

Ако не станува збор за прегледување и подготвеност и ако истражувачите не сакаат да го искористат ефектот, тогаш мораат да ги избегнат негативните впечатоци кои би можеле да влијаат на резултатите. Постои навистина добар пример:

A: Бело, бело, бело, бело, бело, бело, итн.

B: Што пие кравата?

A: Млеко!

Би рекле оние кои одговараат инстиктивно. Тоа е затоа што ја поврзувате белата боја (и самата крава) со млекото и кога мораат да одговорат, нивниот ментален пристап е побрз да се наклони кон млекото како решение, наместо кон водата, која е точен одговор.

Подготовката исто така може да изврши потсвесно. Како оние кратки реклами за Кока кола во кината. Ова е посебен тип на подготовка кога поттикот не ги достигнува нашите ограничувања, но потсвесно сме го забележале стимулансот, а подготовката само што се случи со примателот.

Во случајот Laurel-Yanny, навистина е важно колку сте биле свежи кога сте почнале да ја слушате снимката. Ако сте добиле информации од пријател, кој ви рекол: Еј, погледни го ова, ја слушам само Laurel, ти?’ тогаш би можеле да бидете под влијание на подготвеноста и ќе слушнете Laurel, дури и ако би ја слушнале Yanny да сте ја пронашле сами снимката.

Среде фрекевнции

Се надевам дека се уште се сеќавате за нашите текстови за слухот. Тука можете да се потсетите.

Во случајот на слухот, чувствуваме притисок на флуктуација на воздухот. Тоа се шири како бранови во воздухот, така што има различни компоненти на фреквенцијата.

Кога зборуваме, поради билогијата на нашите говорни органи и другите посебни работи имаме свои карактеристични резонаци. Како да сме различни гитари, кои се направени различно, со различни материјали и во различни облици. Како што можете лесно да го препознаете звукот на гитарата, така можете да го препознаете и човечкиот говор.

Нашата сопствена резонација понекогаш ги нагласува, а понекогаш ги ослабува звуците на различни фреквенции кои ги изведуваме со помош на нашите гласни жици низ уста (и/или нос). Тоа се нарекува формант. Формантите сами содржат информации и исто така меѓусебно се споредуваат. На пример, самогласниците можат многу добро да се опишат со нивните први два форманта (F1 и F2). Нивните посебни вредности (кардинални самогласки) создаваат трапезен тн. вокален простор во кој се вклучени формантите на самогласките.

Како причина за тој феномен, странските медиуми исто така наведуваат дека оние кои ги слушаат повисоките фреквенции многу полошо го слушаат Laurel, додека другите го слушаат Yanny. Точниот опсег на слухот кај луѓето е помеѓу 20 и 20 000 Hz. Информативниот опсег на говор е некаде околу 8.000 Hz. Преку оваа граница постојат само ситни разлики.

Пред широката пропусност, мобилните телефони го ограничуваа својот опсег меѓу 300 и 3 000 Hz и можевме јасно да се разбереме едни со други кога телефониравме. Бидејќи фреквенцијата на гореспоменатите први форманти на говор е пониска од 3.000 Hz. Така што можевме едноставно да ги идентификуваме самогласките без било какви проблеми.

Тоа би можел да биде клуч на овој случај. Потребен е сериозен губиток на слухот за такви ограничувања на слухот. Но, ако фреквенцијата на звукот навистина е на граница, тогаш можете да очекувате нешто како ова. Но, во овој случај, тоа не е веројатна опција затоа што двата збора се навистина различни: [jæni] (= Yanny) и [lɔrəl] (=Laurel).

Анализа на гласот

Можете да видите дека е лесно да се измамат ушите и мозокот со различни фреквенции и подготвеност и дека е навистина тешко да се одреди кој и во кои околности ја слушнал снимката и како тоа влијае на одлуката. Тоа бара објективно стојалиште, а тука доаѓаме до анализата на гласот.

Без подлабоко да копаме во деталите на анализата на гласот која можете да ја видите на снимките на екранот, еве ја фигурата.

Важно е да се истакне дека софтверите за анализа треба да се „нахранат” со гласови со најдобар квалитет за најдобри можни резултати. Значи, моментната снимка е во прилично лоша состојба, што би можело да влијае на резултатите.

Како прв чекор, ја преземав снимката од интернет и ја конвертирав во потребниот формат. Потоа му ја проследив на својот пријател Praat, софтверот за анализа на гласот, кој ми ги даде следните резултати.

Можете да видите дека снимката е прилично бучна. Содржи позадинска врева, како и кликање на маусот. Софтверот има опција за отстранување на врева, но може да ги измени фреквенциите, што целото истражување би го направило залудно. Затоа тоа морав да го прескокнам.

Зумирајќи на сегментот можете да почнете да ги барате различните звуци на говор. И Yanny и Laurel почнуваат со таканаречениот апроксимален тон, единствената разлика е во тоа што [j] е медијален апроксимациски, додека [l] е алвеоларно и странично. Поради таа минимална разлика. Тонот на овие имиња е многу сличен и со снимката во овој квалитет не можеме да одлучиме.

Она што е очигледно е дека постои огромен кратер среде табелата кој можете да го видите ако ја намалите сликата. Можете да видите дека формантите (црвена точкаста линија) гравитираат кон една одредена точка. Значи, говорните тонови ги „исцрпуваат” формантите. Тоа е атрибут на звукот [r]. [n] тешко може да се разликува од страна на самогласникот.

Еден бод за Laurel. А тука доаѓа и следниот, на крајот на зборот ‘Yanni’ се наоѓа [i]. Ако тоа е самогласка, можеме да очекуваме некои периоднични сигнали и во случајот на [i], високи F2 и ниски F1 вредности. Но, програмата не можеше да препознае било каква периодичност. Иако оддалеченоста помеѓу формантите е прилично голема, програмата пресмета дека вредноста F1 е преку 500 Hz што е превисоко за [i] звукот. Но, тоа би можело да биде само поради вревата.

Не можам да продолжам да претпоставам врз основа на оваа снимка затоа што е толку бучна. Според моето скромно мислење, проблемот е токму во таа врева. Поради нејзиниот ефект на прикривање, неколку многу важни акустични клучеви би можеле да недостасуваат, клучеви кои би ни помогнале да ги разликуваме тие два збора.

Според моите уши и анализата на гласот, гласам за  Laurel. Но, во канцеларијата имавме многу гласа за Yanny. На крајот на денот, вистина е она што можете да го слушнете, а не резултатите на анализата на гласот.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.