imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Дали екранот на вашиот MacBook се затемнува откако ќе се логирате?


Не знаеме колку е чест овој феномен, но многу повеќе го забележувавме во минатото. Откако ќе се логирате на вашиот компјутер, екранот на MacBook-от одеднаш се затемнува. По првите неколку инфаркти, најдовме решение. Еве го.

Ова може да биде посебно болно искуство, кога инаку совршено функционалниот лаптоп ќе почне чудно да се однесува без причина. Овој феномен е сличен на оној кога боите на екранот одеднаш стануваат темни и контрастот се намалува: ова е нешто како кога тенка магла го прекрива екранот. Не е важно колку долго ќе си ги триете очите за да ја снема, ова е проблем што постои.

Вградените решенија во MacOS за заштеда на енергија може да бидат навистина корисни кога станува збор за времето. Сепак, понекогаш може да бидат заплеткани совршените процеси во системот. Во овој случај, ова е тоа што го предизвикува проблемот, или да бидеме попрецизни, автоматското подесување на светлоста. И покрај тоа што ова го сретнавме само кај MacBook лаптопите, сите Mac-ови, во основа се погодени, посебно кога имате надворешен монитор поврзан со вашиот компјутер. За среќа, не морате веднаш да го носите вашиот компјутер на сервис, можете да го решите овој проблем во неколку лесни чекори.

  • Отворете System Settings
  • Изберете Displays setting
01_how_to_get_rid_of_screen_dimness_in_macos
  • Изберете го табот Colors на врвот
02_how_to_get_rid_of_screen_dimness_in_macos

Тоа е се, во теорија ова би требало да биде доволно лаптопот да се сети како треба да изгледа. За жал, ова решение не функционира секогаш: понекогаш го прави тоа, понекогаш не. Оваа ненадејна појава на затемнување треба да се реши секој пат по рестартирањето. Сепак, може да доживеете екранот полека да ја намалува светлоста во текот на неколку недели и месеци.

Во секој случај, овој проблем е малку повеќе комплексен. Оригинално, автоматското подесување на светлоста се занимава само со светлината. Сепак, компанијата во El Capitan ја воведе функцијата системот да може да ја прилагоди гамата во согласност со надворешната светлина, ако оваа опција е овозможена. Се чини дека оваа функција не работи совршено во секое време. Бидејќи алгоритамот за адаптација на гамата може да биде вклучен заедно со автоматското прилагодување на осветленоста, за жал единственото решение е да го исклучите автоматското прилагодување на осветленоста. Исто така, тоа можете да го направите преку поставките за екранот.

03_how_to_get_rid_of_screen_dimness_in_macos

Про совет: Преку магија во Terminal, може да се разделат кривата на гама и прилагодувањето на осветленоста, што може да овзоможи автоматското прилагодување на осветленоста се уште да работи, додека алгоритмите нема да се мешаат со кривите на гамата. Не го истраживме следниот метод, па би им го препорачале само на оние храбри души кои се запознаени со работата на терминалот.

  • Исклучете го System Integrity Protection (SIP)
  • Исклучете го автоматското подесување за осветленоста
  • Рестартирајте го компјутерот
  • Отворете го Terminal прозорчето и внесете ја следната команда (без прекин на линијата!):

    cd/System/Library/PrivateFrameworks/AmbientDisplay.framework/
    Versions/A/XPCServices/com.apple.AmbientDisplayAgent.xpc/Contents/MacOS/

  • И потоа ова:
  • SUDO mv com.apple.AmbientDisplayAgent _com.apple.AmbientDisplayAgent

  • Необврзен чекор е да се активира SIP
  • Рестартирајте го компјутерот
  • Повторно вклучете го автоматското подесување за осветленоста
Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!