imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Дали пронајдовте iPhone под божиќната елка? Погледнете ги првите чекори!


Ги собравме најважните информации кои секој нов сопственик на iPhone и iPad би требало да ги знае. Тука можете да пронајдете на што би требало да обрнете внимание во случај да сте го добиле вашиот прв iPhone, како треба да го активирате новиот уред и како да се преселите од Android на iOS.

Еднаш кога ќе ја отворите кутијата и ќе го вклучите уредот, можеби ќе се запрашате како да го активирате вашиот нов телефон. Најстрашно би можело да биде префрлањето од еден систем на друг, но Apple многу ви помага со тоа. Следејќи ги овие чекори, во основа можете да ги префрлите сите ваши податоци, со исклучок на апликациите, од стариот уред на нов.

Како нов корисник на iPhone, ќе ви биде потребен Apple ID. Нека не ве преплаши тоа што Apple веднаш ги бара податоците за кредитната картичка, секогаш можете да ги додадете подоцна. Во случај веќе да имате Apple ID, но сакате да почнете од почеток, можете да ја избришете постоечката сметка.

На оние кои веќе користеле iPhone ќе им биде одлично во екосистемот на Apple, како и на оние кои имаат iPad, на кој е инсталиран барем iOS 12; тоа е најлесен начин да поставите се на вашиот телефон. Би требало да ги истражите новите функции во iOS 12, како групните известувања, Digital Health функциите или групните FaceTime повици итн.

На оние кои се префрлаат од постарите модели, можеби ќе им треба малку време да се навикнат на новото управување со гестови или променетите комбинации на копчиња, но тоа е пријател дел од отркивањето. Има уште неколку мали работи, како scroll to the top гестот, но ако сте ги прегледале сите линкови во овој текст, како и апликацијата Tips на вашиот iPhone, подготвени сте.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.