imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Дали успехот на iPad Pro ја оправдува идејата на Microsoft?


Од ривалската компанија Microsoft истакнаа дека никој не веруваше во основната идеја зад Surface таблетот, а сега дури и Apple го следи овој тренд. Рајан Гавин исто така додаде дека iPad Pro може да се смета како одговор на Surface, со што нивната идеја би добила конечна потврда.

По објавата на новиот iPad Pro, веќе почна натегањето помеѓу двата технолошки гиганта, Apple и Microsoft, и тоа според веќе воспоставениот распоред. Главниот управител на Surface комерцијалните уреди во Microsoft, Рајан Гавин разговараше со Business Insider за тоа како на почетокот никој не веруваше во Surface два-во-еден решението, а сега дури и нивните најголеми ривали одат по тој пат.

Microsoft го дефинира новиот Surface Pro како уред што ги спојува можностите на компјутерот и таблетот, додека Тим Кук смета дека целта на iPad Pro линијата е да ги замени лаптопите кај поголемиот дел од корисниците, иако директорот на Apple за истите тие производи имаше многу поразлично мислење пред само неколку години. Во текот на извештајот за вториот фискален период од 2012 година, истакна дека спојот на Macintosh и iPad би барал компромисо, а потоа ја коментираше изјавата на Сатја Надела, изјавувајќи дека соединувањето на тостер и фрижидер сигурно не би било згодно решение за корисниците.

Подоцна, кога продажбата на Mac и iPad почна да опаѓа, Apple исто така ги созаде своите PC таблети, иако нивното решение беше поинакво од Microsoft и нивниот Surface. iPad Pro остана сличен на мобилен уред, па на него можеа да се инсталираат апликации како и на iPhone. Од друга страна, Surface таблетите работат на Windows 10, па многу малку апликации се оптимизирани за барањата на тој уред. Исто така, овозможена е инсталација на сите програми на Windows, но тие не се оптимизирани за екраните на допир, па нивното користење е малку необично.

Сепак, мораме да признаеме дека Apple направи ист таков уред, иако на почеток им се смееја на сите што тоа го пробаа. Беше незамисливо да се направи смартфон со големина на iPhone 7 Plus додека Стив Џобс се уште беше директор, денеска се продаваат повеќе уреди со голем екран, отколку класичниот модел. Тука дојде до крај на принципите: ако постои побарувачка, Apple ќе создава уреди какви што никогаш не сме очекувале од нив,

И покрај тоа, Аппле да го претставеше iPad Pro пет години порано – две години по лансирањето на првиот iPad – не би биле ни блиску до својата денешна позиција, а ни популарноста на обичните iPad модели сигурно не би била толку голема. Се оттогаш, создадени се многу апликации за iPad кои го оправдаа лансирањето на огромниот таблет кој може да се користи со Apple Pencil.

Извор: MacRumors

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!