imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Дали iPad Pro може да замени лаптоп?


Сите неодамнешни реклами за iPad Pro беа за тоа како овој година и пол стар уред е дури подобар од нормален десктоп компјутер или пак лаптоп од многу причини. Од нас беше побарано да истражиме дали е ова точно, или не, па повелете.

Го тестиравме најдобриот таблет на Apple една недела за да видиме дали може да ја замени комплетно потребата од лаптоп. Овој 12.9 инчен таблет беше со нас повеќе од една недела со сите потребни додатоци, бидејќи за да замените лаптоп ќе Ви бидат потребни некои додатоци како Smart Keyboard и Apple Pencil, бидејќи најголема предност кај iPad Pro е тоа што со него може да се користи и Apple Pencil. На крај, можете да си купите и футрола, за секој случај – ние ја избравме Puro Zeta Slim Case + Pencil Holder за iPad Pro 12.9″. Ова е сосема опционално, но би сакале да си го обезбедите Вашиот iPad Pro со футрола.

Сега, откако имате се, можеме да провериме дали некрунисаниот крал на iPad-ите може да замени MacBook Pro.

01_ipad_pro_test

Мораме да бидеме искрени, моравме да имаме и MacBook Pro за време на тестирањето, во случај нешто да тргне во погрешна насока.

Вообичаено, корисникот би сакал да има уред кој ќе го замени MacBook Pro успешно во различни интереси од неговиот живот: работа, образование и рекреација. Овие интереси се целосно покриени успешно од MacBook, така што ако iPad-от не успее во оваа цел, тоа не е баш добро. Сепак, пред да продолжиме со ред, да провериме што е точно во тие реклами за iPad.

Ултра лесен и компактен дизајн

Оваа реклама е вистинита, и не е. Вистинита, бидејќи ако немате ништо на iPad-от тој е навистина лесен и тенок. Тежи помалку (713 грама) од MacBook 13″ 2015-та, (1.58 килограми), но нема од што да биде засрамен кога ќе се спореди и со MacBook Pro од 2016-та кој тежи 1.37 килограми. Сето ова, со екран скоро ист како кај лаптопите. Сепак, кога ќе ги додадеме сите додатоци (Smart Keyboard, заштитната футрола, Apple Pencil) тежината и големината е многу слична како онаа кај MacBook-овите. Би сакале да додадеме дека ова не е поради тоа што iPad Pro е дебел, туку дека Apple лаптопите се тенки.

Сите Ваши документи на едно место

Немаме лоши зборови да додадеме тука. Опцијата да се споделуваат документите од десктопот и од папките во iCloud Drive дебитираше кај MacOS Sierra и е одлична карактеристика. Секунди откако ќе го земете iPad-от во Вашите раце, можете да продолжите со пишувањето на докуметот кој што сте го започнале на MacBook. Така треба да функционираат работите во 2017-та. Поврзан со Mobility: може да има ситуации кога повеќе би сакале да го користите iPad-от отколку лаптопот. На пример, ако поминувате повеќе време во јавен транспорт, полесно би било да го користите iPad-от за читање и можете да го користите Apple Pencil за да обележите некои битни делови за читање. Ова сигурно е потешко остварливо на MacBook.

Целодневно користење

Времетраењето на батеријата е исто така во ред: дефинитивно, ќе издржи цел ден без да го полните, а доколку не претерате со користење, ќе може да го користите и наредниот ден, без да се грижите дали ќе Ви издржи батеријата. И кај MacBook лаптопите батеријата е одлична, но доколку гледаме на тоа колку време е вклучен на екран, тогаш iPad Pro ќе победи во оваа категорија.

Па така, можеме да видиме дека рекламите за iPad Pro горе-долу се вистинити, но предностите кои ги има iPad-от се забележливи само кога ќе се спореди со послаби лаптопи, а не и со некој лаптоп на Apple. Маркетинг тимот најверојатно, не сакал iPad Pro да биде конкуренција на лаптопите на Apple. Приказната не е толку едноставна, има многу други категории кои рекламите не ги покриваат, а кои се битни за да одлучите дали iPad Pro ќе биде уредот кој ќе го замени лаптопот.

Работење на iPad Pro

Креирањето на статија е поделена на три главни чекори: еден, пишувањето на текстот. Два, пребарување, едитирање и вметнување на сликите во статијата. Три, прикачувањето на статијата на веб. Првиот чекор е лесен за остварување: едноставно, отварате Pages и го пишувате текстот на Smart Keyboard. Можете да бидете малку претпазливи со тастатурата, но многу лесно и брзо може да се навикнете. После краток период, ќе пишувате на тастатурата со скоро истата брзина како кај лаптоп, а и копчињата се одлични. Мораме да додадеме дека е потешко да се навикнете доколку на слепо типкате со 10 прсти.

02_ipad_pro_test

Следниот чекор можеби е потежок. Пронаоѓањето на вистинските фотографии за статијата не одзема многу време, но сето тоа долго притискање на фотографијата за да ја преземете малку е тешко. Сепак, ако сакате всушност да ја погледнете фотографијата, морате да ги смените апликациите на кои работите, кој е само еден потег на лаптоп, но е неколку на iPad. Можете да го избришете ова, но тоа може да биде комплицирано. За среќа, има голем број на апликации со кои можете да едитирате фотографии кои поддржуваат Apple Pencil, така што може да Ви се олесни многу работата и нема да Ви биде потребен Touchpad.

Сепак, процесот на префрлање помеѓу апликации, зачувувањето, едитирањето не е баш не е баш ефективно на iPad, благодарение на iOS. Последниот чекор, прикачувањето на статијата на веб, е лесен: само копирајте го текстот, вметнете ги фотографиите и тоа е тоа. Немаше проблем тука.

Овој опис може да биде корисен само за оние кои работат со текст и со фотографии – бидејќи ние во глобала така работиме, не знаеме како iPad Pro ќе функционира со некои други работи. Целосно е доволен за едноставни канцелариски работи. Целиот iWork пакет е достапен, можете да праќате лесно мејлови, и да испраќате и примате пораки. Можете и да кодирате на iPad. Графичките дизајнери можат одлично да работат на iPad Pro благодарејќи на новиот Apple Pencil: осетливоста на притисок и резолуцијата е иста како кај Wacom таблетите, што е добро да се спомене. Најверојатно нема да едитирате видео на него, но можете да едитирате музика: на пример Damon Albarn кој го направи целиот албум на Gorillaz, а не беше ниту iPad Pro.

03_ipad_pro_test

Сепак, нешто што навистина ни недостигаше беше префрлањето помеѓу апликации. Иако, комбинацијата од CMD + TAB функционираше, и iOS Switch Card изгледа прилично кул, и можете да ги контролирате работите со повеќе прсти. Можеби ни е потребно повеќе време за адаптација. Без оваа опција, протокот на работа кај оние што често се префрлаат помеѓу апликации можеби ќе биде тежок.

iPad Pro во образованието

Исто така, го тестиравме iPad Pro како може да им помогне на студентите во животот, и тука овој таблет може навистина да ни покаже што може.

Во зависност од испитите кои ги имате, можете да запишувате забелешки рачно или пак да ги запишувате во документ на Вашиот лаптоп. Вообичаено за овие, ќе треба да го носите со Вас лаптопот, тетратките и пенкалата. Исто така, ако сакате да ги споделите Вашите белешки со некој/а колега/шка, ќе треба да направите фотографија од белешката и да ја испратите или пак да ја скенирате, а да не го спомнуваме и квалитетот на скенираниот документ. iPad Pro ги решава овие проблеми. Ако сакате, може да запишувате со Smart Keyboard-от, или пак ако сакате да запишувате рачно, тоа го можете со Apple Pencil.

04_ipad_pro_test

Можете и двете опции да ги комбинирате: лесно можете да се префрлате од рачно пишување на пишување со тастатурата. Многу корисно. Можете и лесно да ги распоредите белешките – нема веќе заборавање на белешките дома. И најдоброто, можете да ги испраќате белешките само со притискање на две копчиња.

Како што споменавме претходно, процесирањето во текот на читањето е многу лесно. Вашите очи нема да Ве печат и болат, можете веднаш да забележите и да означите до каде сте со читањето. Ова може многу да користи кога добивате скрипти. Ова е еко солуција и е многу корисна.

05_ipad_pro_test

Единствениот проблем со кој можете да се соочите е доколку нема одредена апликација за iOS, а уште помалку за mac OS. На пример, со ваква ситуација може да се сретнат студентите на градежен или пак на архитектура.

Релаксација

Таблетите, пред се, беа креирани за мултимедија. Бидејќи не е добро баш да гледате филм на телефон, а да не го носите лаптопот во кревет со Вас, тука доаѓа таблетот. iPad Pro е одличен придружник кога сакате да се релаксирате.

Ние мислиме дека нема причина да навлегуваме во детаљите за тоа колку е предност кога лежите на кревет после напорен ден на работа со ултра лесен и тенок таблет во рака. Нема многу игри за уживање на Mac, но затоа на iOS App Store има голем број на игри кои се одлични. Исто така, одличен е кога сакате да ги читате вестите или едноставно да сурфате на интернет додека лежите. А, добар е и кога сакате да зготвите нешто гледајќи некој рецепт на интернет или пак на некоја апликација за iOS.

Заклучок

После овој тест, ние не дојдовме до јасен заклучок дали iPad Pro може целосно да ја замени потребата за десктоп/лаптоп компјутер. Единствениот заклучок до кој дојдовме е дека може да ја замени потребата само во одредени случаеви. Мислиме дека е потребно да се има компјутер со десктоп оперативен систем во секое домаќинство. Некогаш ќе Ви биде потребен софтвер кој го нема за iOS, или пак ќе Ви биде потребна многу моќна машина и соодветен десктоп компјутер и софтвер.

06_ipad_pro_test

Најидеалната ситуација би била кога Apple би можел некако да креира macOS кој би може да функционира на таблет, дури и ако тоа би било симултано со iOS. Во овој случај, iPad Pro би можел се да замени, бидејќи е лесно пренослив, има одлични перформанси за секојдневите задачи да се извршуваат. Би можеле да заклучиме дека би се носел со MacBook Air.

Сепак, моментално не е таков случајот и не изгледа дека Apple ќе се движи во таа насока. Најголемата маана на iPad Pro е цената. Доколку би сакале да замените лаптоп, ќе мора да го купите моделот со 128GB, бидејќи 32GB ќе Ви биде малку.

07_ipad_pro_test

Генерално, би рекле дека iPad Pro не може да го замени лаптопот во оваа форма. Сепак! Ако започнувате со студии и имавте iMac дома на пример, или било каков компјутер, вреди да се размисли за купување на iPad Pro. Исто, вреди и доколку имате во предвид дека нема да Ви биде потребен десктоп или лаптоп за тоа што ќе го работите. Пишувањето белешки, малата тежина, времетраењето на батеријата, мултифункционалноста – сите овие се позитивни аспекти на таблетите кои се придобивка за сите, а особено на студентите. Сепак, доколку сите наведени работи не Ви се битни, тогаш секако ќе треба да си набавите Mac.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!