imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Дали iPhone 8 ќе добие посебен iOS 11?


Името на Guilherme Rambo станува се попознато во очите на читателите со извадените сполери за официјалниот софтвер на Apple. Потполно истото се случи и овој пат откако тој пронајде две интересни видеа во бета верзијата на iOS 11. Се поставува прашањето дали iOS 11 ќе биде различен кај iPhone 8?

Како што Rambo тврди, тој ги има пронајдено овие видеа длабоко во бета софтверот на iOS 11. Тој е програмерот кој софтверот за Homepod го подели на парчиња и за време на одделувањето на секое делче посебно открил информации поврзани со разликите за способностите на iPhone 8. Неодамна откриените видеа сугерираат на тоа дека iOS 11 ќе изгледа малку поразлично кај iPhone 8.

На видеото се чини дека ништо вообичаено не се случува во првите 13 секунди каде се прикажува Lock Screen и iOS 11 имплементацијата што веќе ја видовме. Ново што се појавува е она кога екранот се врти хоризонтално и наидуваме на комплетно новиот Control Centre наместо камерата.

Второто видео е малку поинтересно. Моментално начинот за да пристапите до интерфејсот на App Switcher е можно со двојно притискање на Home копчето. Како и да е во видеото можете да видите дека може да се пристапи до менувачот на апликации каде што претходно беше достапен Control Centre со повлекување од долу на нагоре на самиот екран. Не грижете се, Control Centre нема да исчезне: ако обратите внимание ќе забележите дека Control Centre во суштина е посебна апликација која се појавува од десната страна.

Ова решение е многу слично со iPad верзијата на iOS 11. Таму, прво можете да го видите Dock-от кога ќе го превртите Home Screen, а доколку повторно го завртите ќе стигнете до App Switcher од каде што ќе имате пристап до Control Centre.

Oвие две сценарија изгледаат реални кога ќе го погледнете ова видео. Ова може е само проба на Apple за тоа да видат како би фунционирала оваа опција кај iPhone додека го развиваат овој софтвер, но сепак можеби нема да се одлучат да одат со оваа решение понатаму. Во тој случај овие видеа СЛУЧАЈНО ги имаат оставено во овој код.

Сепак како поточно може да се испостави дека овие видеа не се оставени случајно туку многу свесно од страна на Apple. Она што досега го знаеме е тоа дека iPhone 8 нема да има Homepod копче со опции како на пример двоен клик и сл. За ова да се избегне Apple бара нови и позгодни решенија, а помеѓу другото тоа е и една од работите што можеме да ги видиме во овие видеа.

Во основа ова би можело да значи дека повеќе модифицираниот iOS ќе работи на iPhone 8, исклучиво прилагоден на способностите конкретно за овој телефонот. Ова е одлична работа бидејќи тоа значи дека хардверот и софтверот ќе работат во совршена хармонија еден со друг, што Apple го прави посебен…

Извор: Macrumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.