imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Да се надгради или да не се надгради? Дали iOS 11 e вреден за тоа сега?


Вестите дивеат по WWDC 2017 и тука и таму се појавуваат текстови за тоа како да се надградите на iOS 11. Ви даваат насоки за тоа како да го преземете iOS 11. Поголемиот дел од нив не даваат доволно информации, што може да предизвика некои проблеми.

iOS надградбите и излегувањето на новите iPhone уреди се далеку најпопуларни теми и за оние кои не користат iPhone. Откако Apple го претстави iOS 11 и ја објави неговата затворена бета верзија, Favebook и страниците со новости се преплавени со совети кои ќе ви помогнат да го преземете пред официјалното лансирање.

Единствениот проблем е тој што постои причина зошто новиот оперативен систем не им е достапен на сите уште на самиот почеток. Затворените бета верзии се за програмерите, бидејќи се работи за полу-подготвени системи. Како прво, Apple нема гаранција за проблемите предизвикани од бета верзиите. Како второ, iOS 11 beta не се препорачува за употреба на примарниот уред, бидејќи:

  • iPhone-от може да стане нестабилен;
  • можат да слушат замрзнувања и падови на системот;
  • векот на траење на батеријата може да биде драстично скратен;
  • и апликациите можеби нема да работат исправно, воглавно затоа што iOS 11 не ги поддржува 32-битните апликации

Само членовите на програмата на развојни програмери можат бесплатно да пристапат до iOS 11. Тоа значи дека морате да бидете регистриран како програмер, а тоа чини 99 долари. За неколку недели, раните верзии на системот iOS 11 ќе бидат достапни на Beta Software Program, но не ви препорачуваме тоа да го преземете.

Зошто iOS 11 е достапен ако не е завршена верзија?

Apple претставува бета верзии на новите системи на WWDC секоја година, за програмерите да имаат доволно време (3 до 4 месеци отрпилика) да се аклиматизираат и да ги поправат сите грешки. Во текот на летото, Apple ќе го преработи iOS 11 според повратните информации на 16 милиони програмери.

Ве предупредуваме да не инсталирате било која iOS 11 бета верзија на својот примарен iPhone. Слушајќи го нашиот совет, ќе се спасите од потешкотии. Ќе ве известиме кога првата јавна верзија ќе биде достапна тука, на iMagazin. Се очекува дека ќе биде лансирана во јуни, веднаш по излегувањето на iPhone 8.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!