imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Двојната камера на iPhone е работа на минатото – одиме на тројна


Ништо не е доволно. Ако се во право изворите на Economics Daily News, првите iPhone уреди со три леќи од задната страна би можеле да пристигнат уште следната недела. Квалитетот на сликата не би требало експоненцијално да порасне, но сликањето во темнина би можело да биде поквалитетно.

Кога во 2016. година е претставен iPhone 7, неговиот Plus модел беше вистински хит поради својата двојна камера. Денес такви работи повеќе не не изненадуваат, но порано ова беше нешто навистина посебно, иако Apple не е прва компанија која ја имплементираше оваа технологија. Сепак, беа меѓу првите кои помогнаа во нејзино ширење.

Двојната камера има многу предности, како портретниот начин на работа и двојниот оптички зум. Развојот на технологијата на камерата не застана тука и сега дојде моментот за преминување на три леќи. Конкурентска компанија неодамна го лансираше првиот уред со оваа технологија, а се чини дека и iPhone набрзо ќе му се придружи на новиот тренд.

Според тајванскиот Economic Daily News, кој донесува релативно доверливи вести, линијата на iPhone од 2019. година ќе има барем еден член со “трето око”.

Во извештајот се наведува дека резултатот ќе биде 5x зум, но нема детали за тоа дали се работи за оптички, дигитален или хибриден вид, иако е тоа најважниот податок. Сепак, со оглед на тоа дека iPhone 8 со една леќа има 5x дигитален зум, а iPhone X со две леќи има 10х дигитален и 2х оптички зум, можеме да претпоставиме дека тој иден iPhone би можел да има 5х оптички зум.

Во поголем дел од случаите, камерите со три леќи имаат примарна леќа со огромна резолуција, телефото леќа со пониска резолуција и монохромна леќа со средна резолуција и мала брзина за затворачот. Најголемата предност на оваа комбинација не е зголемување на оптичкиот зум, туку квалитетот на снимањето фотографии во темнина. Снимањето на фотографооте со користење на три камери со помош на посебен алгоритам би можел да биде голем напредок во фотографирањето со мобилни телефони.

Иако овие информации звучат уверливо, немојте да почнете да се радувате пред да ги потврдат Ming-Chi Kuo или Mark Gurman, бидејќи тие се нашите најдоверливи извори.

Впрочем, камерата на iPhone секоја година е се понапредна. Kuo веќе рече дека не треба да очекуваме големи промени во моделите кои ќе се лансираат оваа година, но 2019. година би можела да донесе нешто ново. Дали тоа ќе биде тројната камера или нешто друго, сигурно ќе дознаеме на време.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.