imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Додавање на доверливи телефонски броеви во two-factor автентикацијата


Осигурувањето на вашиот Apple ID е речиси еднакво важно како и грижата за уредот. Целосната нова двофакторска автентикација на Apple сега пружа уште повеќе сигурност во случај на кражбата на вашата лозинка за Apple ID.

Иако проверката во два чекора беше позната и пред да се појави автетикацијата во два фактора – не само што успеа подлабоко да се интегрира во iOS и macOS, туку се чини и како посигурен метод.

Кога ја користите автентикацијата во два фактора потребен ви е шестоцифрен контролен код во случај да сакате:

  • Да се пријавите на вашиот Apple ID или да го посетите iCloud.com
  • Да се пријавите на iCloud, iMessage, Game Center и FaceTime сметката
  • Да купувате преку iTunes, iBooks или App Store од нов уред
  • Или кога ви е потребен вашиот Apple ID за помош во Apple Suport

Со поставување на неколку доверливи уреди, сега можете да додадете и неколку доверливи теледфонски броеви кои можат да бидат корисни во случај да не можете да дојдете до ниту еден доверлив уред. Можете да ги потврдите и другите броеви на телефони до кои имате пристап, како домашниот телефон или бројот кој го користи членот на семејството или близок пријател.

За да го поставите доверливиот телефонски број, одете на:

  • Поставки > Лозинка и сигурност
  • Тука можете да ги проверите и промените претходно додадените броеви
  • Кликнете Уреди
  • Внесете го контролниот код
  • Изберете ја својата држава, додајте го саканиот број на телефонот и изберете дали сакате проверка преку “Текстуални пораки” или “Телефонски повик”.
  • Ако изберете преку порака, се што треба да направите е да го внесете шестоцифрениот код кој ќе го добиете
  • Доверливиот телефонски број сега ќе се појави на вашата листа

Се на се, се исплати да се искористи оваа прилика бидејќи можете да го потврдите својот идентитет, дури и ако уредот не ви е достапен во тој момент.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!