imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Додајте прилагодени одговори на вашиот Apple Watch


Имате неколку можности за одговарање пораки на вашиот Apple Watch. Една од нив е и изборот од зададените одговори. Да погледнеме како можете да ги уредите или да додадете нови пораки.

Освен што ви е најдобар пријател во спортот и зачувувањето на вашето здравје, моите омилени функции на Apple Watch се поврзани со комуникацијата. Сакам да ја користам функцијата на диктирање во автомобил, кога се туширам или едноставно кога го немам сбвојот iPhone во рака. Баш како и во iOS, диктирањето извонредно функционира и во watchOS. Брзо е, прецизно и веднаш го претвора вашиот говор во пишан текст.

Меѓутоа, не сте секогаш во можност да разговарате со уредот. Кога сте на улица или се наоѓате во јавен превоз, нема да разговарате со вашиот телефон или со часовникот. Тоа е малку sci-fi и никој всушност не сака да привлече таков вид внимание во јавноста. За среќа, на вашиот Apple Watch постојат неколку други опции.

Наместо пишување, часовникот пробува да пронајде контекст и ви нуди соодветни одговори. Единствениот проблем е во тоа што дефинитивно користите поинаков тон кога разговарате со девојка или пријатели, отколку со шефот или колегите. Употребата на зададените пораки би можела да им даде чувство дека разговараат со некој друг или со вашата роботска верзија. За среќа, многу едноставно можете да ги прилагодите тие пораки во верзија која повеќе ви одговара.

  • Отворете ја Watch апликацијата на вашиот iPhone
  • Пронајдете го менито Messages
  • Изберете Default replies
  • На дното на листата притиснете Add Reply..

Тука можете да додадете било која порака која би ја сакале. Прегледајте ја листата зададени одговори и отстранете ги или променете ги сличните внесивања за да ги избегнете дупликатите. Во пораките исто така можете да додатете и емотикони.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!