imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Дури ни FDA сега не може да го запре Apple Watch


Тим Кук рече дека рестриктивните прописи на Американската агенција за храна и лекови, скратено FDA (Food and Drug Agency) го ограничуваат развојот на Apple Watch како медицински уред. На тоа му дојде крајот, бидејќи доаѓаат инвентивни медицински решенија.

Претходно се зборуваше за тоа дека Apple ја опреми дури и првата генерација, Series 0 на Apple Watch со толку прецизни сензори што би можеле да овозможат биометричка идентификација во часовникот. Тогаш беа достапни опциите за преклопување на вените и надзор на кислород во крвта. Недолго потоа имавме можност за надзирање на нивото на шеќерот во крвта, и уште повеќе, опција како онаа часовникот да може да го предупреди корисникот на првите знаци на срцев удар.

Прашањето е, ако сето ова било можно со овие сензори (со исклучок на следењето на шеќер во крвта), зошто тогаш ги немаме овие функции во Apple Watch?

Затоа што тоа не го дозволи FDA, ете зошто.

Поточно, тоа би го допуштиле, доколку компанијата од Купертино биде подготвена за исклучително долга и строга постапка на испитување. Со способностите кои сака да ги претстави Apple, уредот би станал медицински уред во очите на FDA, што значи дека бруталните прописи се применливи на Watch. Лесно е да се види зошто технолошките компании не се наклонети кон постапката која би можела трае со години, посебно кога дури и 6 месеци доцнење може да значи огромен недостаток во индустријата. Производот би се сметал за застарен веднаш штом би бил претставен.

За среќа, дури и FDA ја сфати неодржливоста на оваа ситуација, а бидејќи се залагаат за тоа што повеќе луѓе да бидат свесни за својата здравствена состојба, се одлучија да ги променат прописите. Претставија нов нацрт под името Digital Health Innovation Plan со кој планираат да го помогнат развојот на инвентивните технолошки можности. Според тоа, ако заклучат дека уредот е помал ризик, тој производ не мора да ги помине процедурите пред пуштањето на пазарот.

Правилото и натаму ќе биде на сила во врска со високоризичните производи и исто така ќе ја надзира доверливоста на нискоризичните производи по пуштање на пазарот. Главна работа е дека би можеле да им заштедат на компаниите како Apple многу време и енергија која би морале да ја вложат во тестирање.

После ова, со право можеме да се надеваме дека следните модели на Apple Watch ќе имаат функвции што ќе можат да ја следат општата здравествена состојба на корисникот во следењето на фитнесот.

Извор: 9to5mac

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!