imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Еве зошто Зимските олимписки игри се важни за технологијата


Знае каде сте, што правите и со кого разговарате. Што е тоа? Точниот одговор на ова прашање е 5G мрежата.

Годинашните зимски олимписки игри во Пјонгчанг имаат извонредни технолошки решенија. Во текот на спортските настани, стотина дронови и камери го следат секој чекор на спортистите, а нивните резултати стигнуваат до публиката со најмало можно одложување; публиката исто така може да ужива во игрите со помош на VR уредите. И сето тоа благодарение на 5G мрежата на Intel, која никогаш не е тестирана на вака голема публика.

Технологијата е навистина значаен аспект на зимските олимписки игри. Таа ја синхронизира комуникацијата на многуте уреди. Исто така, овозможува 1200 дронови да бидат меѓусебно поврзани како и осветлувањето на 5. прстени, симболот на сите Олимписки игри. Intel во соработка со корејскиот Telecomm во Пјонгчанг создаде мрежа која досега не се користеше.

Најважната работа во врска со 5G мрежата е тоа дека се се случува во реално време. Брзината на мрежата е до 10 Gbit/s, што е десет пати побрзо од 4G мрежата, а стапката на одговор е навистина ниска – само дел од секундата. Поради тоа, уредите кои имаат поддршка за 5G можат меѓусебно да комуницираат во реално време, а тоа пак значи дека стотина дронови можат да летаат наоколу без судирање.

А тоа е само една од многуте работи кои се можни, но тоа е една од најдобрите причини зошто е навистина одлично да се живее во 2018. година. Преносот во живо го осигуруваат камерите од 360 степени и Falcon 8+ дроновите на Intel, кои летаат над публиката и покажуваат целосно нова перспектива. Овој систем им овозможува на корисниците да следат повеќе од 30 различни спортски настани преку VR уредот со TrueVR системот на Intel.

Оваа неверојатно брза мрежа исто така е важна поради објавување на резултатите. Преку официјалната апликација на настанот, сите веднаш можат да им пристапат на времињата и информациите за тоа што се случува. Зад сето тоа се наоѓа огромен облак кој е јадро на услугата.

Очигледно, резултатите не стигнуваат на уредите на корисниците преку 5G мрежата, бидејќи моментно во употреба нема уреди со 5G поддршка. Емитирањето и информатичкиот систем на салата меѓусебно комунцираат на таа брзина. А тоа е доволно за да видиме дека се е синхронизирано, како на мрежата, така и надвор од неа.

Тестот на Intel би можел да биде навистина важен во иднина и би можел да не приближи до оваа технологија. Наскоро би можеле да пристигнат уреди кои подрржуваат 5G мрежа – можеби следната година – што би им овозможило комуникација со било кој станици кои се дизајнирани за ракување со таа мрежа.

Извор: Medium

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.