imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Еве кои iPhone уреди ги очекуваме оваа година


Kuo сите не изненади и објави многу информации за новите модели на iPhone кои се очекуваат во 2018. година. Има многу добри вести, но сите љубители на Touch ID ќе мораат да се соочат со разочарувачки факти.

Ming-Chi Kuo е еден од најдоверливите извори кога се работи за вестите во врска со Apple. Токму затоа сметаме дека можеме да им веруваме на информациите кои ви ги донесуваме во продолжение на текстот. Според наводите на MacRumors, аналитичарот на KGI овие информации ги извлече од белешките за истражувањето спроведено во врска со новите уреди и тоа разните снабдувачи, а сите ги подели на јавноста.

Да тргнеме од клучните информации: како и лани, можеме да очекуваме три нови уред – следната верзија на јубилејниот 5,8-инчен iPhone X, поголема 6,5-инчна верзија и трет уред кој со големината ќе биде помеѓу овие два модел, и со нешто по пристапна цена.

Во случајот на 5,8-инчниот и 6,5-инчниот уред не се очекуваат некои позначајни промени: дизајнот со OLED екран ќе остане ист, баш како и двојната камера. најголемата надградба можеби ќе биде врзана со батеријата – ако може да им се верува на изворите на Kuo, моментното решение со две ќелии во облик на буквата L би можело да биде заменето со една батерија во истиот облик, но со 20 проценти поголем капацитет. И моментната батерија на iPhone X е многу добра, но оваа нова идеја има поголем потенцијал.

Plus моделот очигледно ќе има поголема батерија, и тоа со очекувана сила помеѓу 3300 и 3400 mAh. И двата уреда би можеле да имаат 4 GB RAM и TrueDepth технологијата со поддршка за Face ID, без некоја голема разлика во однос на претходникот. Исто така, се очекува нов процесор, м,ожеби наречен А12.

Новиот SE модел би можел да биде голем 6,1 инчи

Оваа година можевме да слушнеме се повеќе гласини за новиот SE модел. Сепак, се чини дека во овој случај повеќе се занимаваме со желбите на корисниците и новинарите, отколку со вистинските факти. Сепак, новиот 6,1-инчен модел би можел да ги задоволи потребите на ова подрачје.

Можеме да очекуваме уред кој изгледа како iPhone X, но со помалку функции и повеќе компромисни решенија. Би можел да го вклучува TrueDepth системот на камери со поддршка за Face ID и дури и да има екран без рамки, но наместо OLED, веројатно би имал LCD екран без поддршка за 3D Touch.

Тоа исто така значи дека многу популарниот Touch ID би можел да биде исклучен од понатамошната понуда. Оние кои ја сакаат таа опција би требало да се држат со iPhone 8 и 8 Plus.

А тука се и другите компромиси:

  • наместо од нерѓосувачки челик, куќиштето би можело да биде алуминиумско;
  • можеби нема да има безжично полнење;
  • уредот од задната страна би можел да има само една наместо две камери;
  • батеријата во облик на буквата L би можела да биде замената со правоаголен облик со јачина 2850 или 2950 mAh, што би можело да биде подобрување во однос на моментната батерија во iPhone X.

Поради сето ова наведено, цената на уредот би можела да биде попристапна, помеѓу 700 и 800 долари. Тоа е блиску до изворната цена на iPhone 7 Plus. Kuo исто така верува дека овој поевтин модел нема да влијае на намалување на цената на моментниот модел – поголема е веројатноста дека компанијата ќе престане со производство на тој уред.

Дали сме задоволни?

Ако сите овие информации се покажат точни, можеби нема да бидеме толку задоволни – минатата година најмногу се радувавме за вестите за јубилејниот модел на iPhone. Овие гласини веќе ни недостасуваат, бидејќи оваа година нема да има протекување на таков вид информации.

Меѓутоа, продавачите и снабдувачите можат да бидат задоволни: производството би можело да теше без проблеми, бидејќи не се очекуваат проблеми во дизајнот или воведување напредни технологии. Тоа воедно би значело и подобри залихи за време на лансирање на уредот. Сепак, овие информации се поважни за пазарот на Источна Европа отколку за САД, бидејќи продажбата тука значително доцнеше поради премалите залихи.

Сите кои претходно го користеа Plus моделот сега конечно можат да бидат задоволни. Корисниците кои преминаа од iPhone 7 Plus на iPhone X имаа причина за незадоволство – големината на екранот на кој се навикнаа е многу поголема од екранот на iPhone X. Па, сега ќе можат да добијат Plus модел со својата најнова технологија. Сепак, ако сакаат добро да платат: сите најмногу ги интересира цената на уредот со OLED екран, а се шпекулира дека 5,8-инчниот модел би можел да ја задржи истата цена. Од друга страна, Plus моделот би имал почетна цена помеѓу 1100 и 1350 долари. Со други зборови, ова би можел да биде најскапиот iPhone досега –  единствено прашање е колкава ќе биде таа рекордна цена?

Ни оние кои очекуваа уред со големина на SE не можат да бидат задоволни. Иако уредот со големина од 4 инчи совршено лежи во рака, факт е дека нашите желби и очекувања се променија во последните неколку години, а и програмерите научија да создаваат апликации на поголема површина.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.