imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Еве со кои уреди ќе биде компатибилен iOS 11


Иако од објавувањето на официјалната верзија на iOS 11 не делат уште четири месеци, луѓето веќе се прашуваат дали ќе работат на iPhone и iPad уредите што моментно ги користат. Еве ја листата

Како и обично, Apple ја претстави најновата основна верзија на iOS, iOS 11 на годинашниот WWDC. Од денеска е достапна бета верзијата за програмерите, но официјалното објавување ќе биде дури со новиот iPhone, а очекуваме дека тоа ќе биде оваа есен. Оперативниот систем ќе биде достапен за преземање на овие уреди:

Тоа значи дека корисниците на iPhone 5 и 5c ќе мораат да се поздрават со новиот iOS 11, бидејќи за овие уреди веќе нема да има поддршка. Со iPad уредите нема никакви промени: сите кои работат на iOS 10 ќе можат без проблеми да преминат на iOS 11.

Исто така, добро е да се подготвите на тоа дека нема сите функции да бидат достапни на постарите модели на iPhone и iPad, како што на пример, Split View не функционираше на iPad 4 со iOS 10. Причината за тоа е фактот дека Apple повеќе сака да забрани одредени функции на послабите уреди, отколку корисниците да се жалат да често смрзнување или слични проблеми.

Исто така, сакаме да ве предупериме да ја преземате моментната бета верзија на iPhone или iPad кој секојдневно го користите. За тоа пишувавме пред неколку дена, а тој текст можете да го прочитате тука.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!