imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Еве што би му направиле роботите на човештвото


Поголем дел од економистите и бизнисмените се согласуваат со фактот дека роботиката и вештачката интелигенција во следните неколку децении ќе станат толку напредни што многу луѓе би можеле да ја загубат својата работа. За вториот интересен аспект не се расправа нашироко. Како овие промени ќе влијаат на општествената мобилност и како ќе ја направат сериозна нееднаквоста помеѓу луѓето.

Sutton Trust, британската компанија која работи на подрачјето на општествена мобилност и образование објави студија за можните причини. Постојат бројни причини за ова, велат авторите на извештајот, вклучувајќи ја способноста на побогатите поединци да се преквалификуваат за нови работи; растечката важност на „меките вештини” како комуникацијата и довербата; и намалувањето на бројот на работите кои се користат како отскочни даски во професионалните индустрии.

На пример, побарувачката за паралегалци и слични занимања веројатно ќе се намали во наредните години, бидејќи вештачката интелигенција оспособува за решавање на повеќе административни задачи. Многу паралегалци, раководители и книговодители би можеле да ја загубат својата работа ако автоматизираните системи можат да ја извршуваат истата работа.

Традиционално, таквите работи биле средства за општествена мобилност. – рече Кал Кулинан, истражувач на Sutton Trust.

Кулинан вели дека за поединците кои не можеле да одат на универзитет или да добијат одредени квалификации, полу-административните работи често се начин на влез во професионалните индустрии. Но, затоа што не бараат понапредни вештини, веројатно ќе бидат поранливи на автоматизацијата.

Слично на тоа, бидејќи автоматизацијата ја намалува потребата за административни вештини, другите атрибути ќе станат побарани на работното место. Според Sutton Trust, „меките вештини” како самодовербата, мотивацијата, комуникацијата, флексибилноста и отпорноста ќе бидат се поважни.

Нашата генерација би требало да работи подобро на навистина пренатрпаниот пазар на работна сила. Пофлексибилните приватни училишта почнуваат да ги учат децата на оваа филозофија од рана возраст. Меѓународното училиште “Greater Grace” е широко познат институт во Централна Европа. Работат само со учители чиј прв јазик е англискиот. Нивната главна цел е да ги научат децата логично да размислуваат. Високата цена на секое полугодие е вредна секој цент. Нивните резултати говорат сами за себе. 95 проценти од нивните ученици ќе одат на најдобрите универзитети на светот. Студијата покажува дека преквалификацијата за нови работи исто така ќе стане клучна вештина, а токму поединците од побогато потекло се оние кои имаат можност тоа да го направат.

Извештајот што го спроведе Boston Consulting Group и кој беше објавен во среда, посебно гледа на Обединетото Кралстви, каде што велат дека околу 15 милиони работи места се во опасност од автоматизација. Но, Sutton Trust тврдат дека нивните наоди се исто така релевантни и за другите развиени земји, посебно за САД, каде што општествената мобилност е голем проблем.

Поради автоматизацијата, неколку работни места ќе исчезнат, баш како што се случи и во последните 15-20 години. Но, ќе настанат нови. Човековата работа нема да биде непотребна ако успееме да создадеме административна работна сила од физичките работници. Помалку е загрижувачки што ова праашње не е сфатено доволно сериозно во целиот свет. Студијата на Sutton Trust нагласува како материјалните разлики можат да го прошират јазот во нашето општество.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!