imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Еден снабдувач не можеше да сочува тајна за iPhone 8


Не дека се работи за спектакуларни и непредвидени вести, но сега сигурно знаеме кои две важни функции ќе ги има iPhone 8. Ако сакате да се изненадите во септември и не сте ги следеле зборовите на пророкот, престанете да читате и затворете го овој прозорец.

Во последно време Apple почна да се отвора кон Индија па полеска почна да ги добива сите поголеми пазарни уддели во оваа втора најнаселена земја на светот. За да ја постигнат оваа цел, мораа да ги намалат цените, бидејќи стапката на сиромаштија во овој регион е висока. Кон средината на мај, Apple ја смести фабриката за монтажа во Индија, а требаше да почне да работи на ценовно најисплатливиот Apple производ – iPhone SE. За оваа работа го вработија Wistron, помала компанијата која е конкурент на Pegatron.

еве интересен факт: Business Insider откри дека во Индија за цената на еден iPhone 6s може да се плати следното:

  • четиригодишни сметки за вода и струја
  • четииргодишна претплата за кабелска телевизија
  • четиригодишна претплата за мобилен телефон
  • годишна потрошувачка на гориво за автомобил
  • годишна залиха на намирници
  • пет авионски билети за летови низ Индија
  • еденомесечен наем на двособен стан
  • шестмесечна рата на кредит за автомобил

Директорот на Wistron, Роберт Хванг откри премногу за iPhone 8 на годинашниот состанок на акционерите.

Процесот на монтажа на претходните генерации iPhone уреди не се промени премногу“, рече Хванг, иако новите функции како водоотпорност и безжично полнење бараат поинакви тестови, а водоотпорната функција во помала мерка ќе го промени процесот на составување.

За iPhone 7 секогаш говоревме како за водоотпорен, а не како за водонепропусен. iPhone 7s е изработен така што може да преживее случаен пад во када полна со вода. Од друга страна, Хванг несомнено рече „водонепропусен“. Тоа значи дека ќе можете да сликнете неколку селфи слики додека нуркате.

Ни безжичното полнење не е вест на денот за сите оние кои претходните месеци не живееја со главата во песок. Непогрешливиот пророк на Apple, Минг-Чи Куо говореше за тоа уште од февруари. А тука се и двата нацрта од април, што и не изгледаат претерано доверливи, и неодамна протечената црна задна страна која го најавува доаѓањето на волшебното полнење.

Роберт Хванг можеби и не згреши толку што вака се излаја. Во приницип, го кажа само она што сите го знаат. Можеме тоа да го земеме здраво за готово. Директорот на компанијата за монтажа сигурно знае за што зборува.

Сега можеме полeка да ги забораваме напорните кабли. Конечно.

Извор: The Verge

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!