imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Едноставно Неопходни – B&O PLAY Beoplay H4 ТЕСТ


B&O PLAY во последно време се почесто претставуваат нови производи на пазарот: секој месец можеме да видиме нов производ, како на пример Beoplay A2 Active или пак нивниот најнов производ Beoplay M5. Сепак, подолг период немаат претставено нови слушалки, па затоа е редно време данската компанија да излезе со нешто ново.

Интересно е да се види од каде започна B&O PLAY. Брендот беше првично оформен од страна на престижната компанија Bang & Olufsen, којa сакалa да добие одличен дизајн и квалитет кој тaa го претставува и кој е светски признат, но по попристапна цена. Во текот на годините, дизајнот стана една од главните одлики на овој бренд, а се разбира квалитетот си остана. Палетата на производи на брендот, кога беше релативно мала на почетокот, денес стана доста голема (и сеуште расте!): моментално, брендот има 9 звучници, 7 слушалки за преку уво и 5 слушалки за во уво.

Beoplay H4 кои што беа претставени минатата недела, се всушност основен модел на слушалки за на уво (или преку уво) на компанијата. B&O PLAY во последно време претстави поголем број на слушалки со блутут, што не е изненадување со оглед на тоа што целото производство се движи во тој правец и да не заборавиме дека нема приклучок за слушалки на најновиот iPhone 7 (што е веројатно дека нема ни да има во иднина). H4 се интересни и од друга гледна точка: дизајнот е многу поразличен од она што се H6, H7, H8, и новите H9. Не дека овие се лоши, туку добро е да видиме разноликост.

01_beoplay_h4_test_mega

Дизајн и додатоци

Да започнеме со пакувањето како и обично. Beoplay H4 доаѓаат во неверојатна кутија слична на А2 Active, иако дизајнот на оваа кутија повеќе се вклопува во “широката” кутија од слушалките што ги тестиравме минатиот пат. По отворањето на кутијата, ги наоѓаме слушалките легнати на мека корица; под остатокот на додатоците, кои не се многу. B&O PLAY свесно штедат на додатоци, бидејќи тоа е најевтиниот модел од нив – тоа значи дека се што ние добиваме се кабел за слушалки и краток кабел за полнење на слушалките. Не добиваме ниту мека торбичка за носење, за жал. Кога сме веќе на оваа тема, кабелот за полнење е доста краток, околу 30цм и бидејќи се работи за обичен USB-A кабел, нема многу логика да се приклучува во штекер, но би било добро да се полнат слушалките на лаптоп, веднаш до Вас. За среќа, можеме лесно да го смениме кабелот поради стандардниот USB-A приклучок.

Ова беа сите недостатоци, иако Beoplay H4 е преубаво парче технологија. Но, новиот дизајн изгледа неверојатно. Едноставно, кај слушалките преовладува сивата боја на ушните перничиња, и бакарно алуминиумска постава. Тоа е еден модерен, ретро, едноставен и традиционален дизајн во исто време. Овој дизајн е создаден од Јакоб Вагнер, кој ја дизајнираше целиот H линија, па Данецот го остави производот во добри раце. Доаѓа само во една боја, јаглен сива која е достапни од сега, но има гласини дека B&O PLAY ќе претстави други сезонски бои: постојат некои прилично кул, па ако ви се допаѓа екстремна комбинација на бои, дефинитивно очекувајте ги.

02_beoplay_h4_test_mega

Иако овие се основен модел на B&O PLAY, сепак материјалите на изработка се од врвен квалитет. Рамката на слушалките е направена од флексибилен нерѓосувачки челик со текстил од внатре и кожа од надвор, додека перничиња се покриени со мека јагнешката кожа, како што е тоа вообичаено од компанијата. Звучниците се сместени во пластични куќишта, иако е пластиката е пријатна на допир, не е крута пластика. Жиците не поминуваат низ рамката, или било каде, благодарение на новиот дизајн: тие се покриени со текстилна плетка и “висат” од рамките. Ушните перничиња се вртат за 90 степени, така што можеме да ги склопиме за полесен транспорт. Копчињата и влезовите се на десната страна на слушалките.  Димензиите на самите слушалки се 195 x 220 x 50 милиметри и тежат 235 грама, така што на припаѓаат кај полесните слушалки.

Спецификации

Beoplay H4 се поврзува првенствено на нашите уреди преку Bluetooth 4.2 стандардот; Уште повеќе, тој користи AAC кодек, што значи дека синхронизација на звукот и сликата не треба да биде проблем ако ние треба да се видиме нешто на нашето Apple TV. Компанијата ни ветува опсег од 10 метри, што е многу помалку од вообичаените ветувањето за опсег од 30 метри, но ние нема да ги користиме повеќе од 10 метри од нашиот уред – ние не приметивме никаква промена во звукот до 15 метри во опсег. Слушалките можат да запомнат 8 уреди одеднаш и да се поврзат со нив автоматски.

03_beoplay_h4_test_mega

Две 40мм електро-динамични двигатели се одговорни за звук во секое уво. Исто така, ни треба батерија бидејќи се безжични слушалки. Вградената 600mA батерија се наоѓа тука, и не е менлива, како во случајот на другите B&O PLAY Bluetooth слушалки. Компанијата вели дека имаме 19 часа време за игра и се полни батеријата до 100% за 2,5 часа. Вие не треба да се грижите дека батеријата на Beoplay H4 ќе се истроши во најлош момент: можете да го полните Вашиот уред преку стандардниот кабел кој се наоѓа во кутија.

Нема микрофон или тастери на кабелот бидејќи тие се на слушалките (бидејќи тие работат безжично). Немаат сензор за допир за разлика од поскапите модели од B&O PLAY, туку има мали тастери на десната страна на слушалките. Ова може да изгледа како подобро решение, бидејќи екранот на допир не секогаш е идеален за да контролирање на гласноста на пример. Имаше мала дилема околу тоа дали да има контроли на допир, но сепак испадна одлично. Но, сепак има мал, софтверски проблем најверојатно, кога два пати ќе се кликне на средното копче, не се менува песната, туку се стопира. Се надеваме дека со следното ажурирање ќе се реши проблемот. Исто така да напоменам дека нема Вклучи/Исклучи копче, туку има копче за повикување на Siri.

04_beoplay_h4_test_mega

Kвалитет на звук

Стигнавме до најважните дел. B&O PLAY го користи зборот “непрочистен” во нивните промотивни материјали, што значи дека треба да очекуваме чист звук ослободен од било каква магија и претерување. Данците започнаа со користење на потписот “Bang & Olufsen звук” за оваа линија, која ни ветува дека ќе го имаат истиот квалитет на звук како кај поголемиот брат. Ветувањето е исполнето, H4 звучи одлично. Но, сосема субјектина забелешка, длабокиот звук на басот е не ги исполни ветувањата. Сепак, може да се прилагоди звукот со функцијата ToneTouch Beoplay апликацијата, исто како што е случај со многу други Beoplay уреди. Ние можеме да создадеме многу хармоничен и чист звук со таа функција, средните звуци не се губат и високите звуци се јасни и убави – во нормален обем, се разбира, звукот почнува да се нарушува кога ќе се појача звукот до максимумот.

05_beoplay_h4_test_mega

Зборувајќи преку Skype или нормален телефонски повик не прави проблем, што значи дека тие успеале да го направат одличен и микрофонот. Тие се навистина удобни за носење благодарение на малата тежина, а нема да станат неудобни на нашата глава, дури и за време на долгите прошетки или гледање филм. Интересно е тоа што може да се слушне надворешниот свет многу подобро (а ние не се мислиме на недостаток од опцијата за блокирање на врева), иако перничињата совршено се прилагодуваат.

Заклучок

Слушалките Beoplay H4 може да бидат одличен начин за да се влезе во светот на безжичните слушалки. Можете да ги користите за гледање телевизија со цел да не се наруши мирот на Вашето семејство; Покрај тоа, доаѓа пролетта, а овие слушалки ќе бидат од голем полза кога ќе одите на работа во утринските часови, кога температурата е постојано околу 10 Целзиусови степени. Да споменеме и за iPhone 7 кој нема приклучок за слушалки, што претставува дополнителен мотив за да се обидете со некои безжични слушалки.

06_beoplay_h4_test_mega

Дизајнот на Beoplay H4 изгледа одлично. Квалитетот на звукот е добар, иако не звучи така неверојатно како на пример кај H9 или H6, но сепак добивате одличен квалитет за оваа цена. Можеби 300 евра е цена за која кога ќе ја слушнете прв пат ќе помислите дека е премногу (а можеби дури и втор пат), но ако размислите за тоа како може да се купат слушалки кои не се од овој квалитет и дизајн за иста цена, тогаш тоа одеднаш не изгледа толку лошо. Тоа е инстант одлука кога е во прашање дизајнот, но треба да се размислите кога е во прашање цената – сепак, ако се одлучите за купување, нема да бидете разочарани. B&O PLAY создадоа одлични квалитетни слушалки.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!