imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Екраните на iPhone X и iPad Pro добија престижни награди


Организацијата Society for Information Display 23. година по ред ги избра најдобрите екрани и подели престижни награди во неколку категории. И Apple е помеѓу добитниците. 

Екранот е еден од најважните делови на денешните паметни уреди и тоа најмногу кога зборуваме за телефоните, таблетите и лаптопите. Во него гледаме по цели ден, тој е врската помеѓу корисникот и уредот. Токму затоа поголем дел од производителите се труди да ги импресионира своите потенцијални купувачи.

Ни Apple не е исклучок, но наместо да се натпреварува на подрачјето на пиксели по инч, компанијата за одлучи за поинаков пристап и пробува да ги помести границите со користење на понапредни технологии на екрани. Ако некогаш сте виделе iPhone или iPad, знаете дека во тоа и успеале. А со својот моментен топ уред отидоа уште еден чекор понатаму.

Тоа го потврди и организацијата Society for Information Display. Годинашната 55. конференција Display Week ќе се одржи од 20 до 25. мај во Лос Анџелес. Тогаш ќе се делат и наградите за најдобрите и најнапредни екрани.

iPhone X ја освои наградата Display Application of the Year, додека екранот на iPad Pro е именуван за екран на годината. Освен самата награда, двата екрана беа наградени со многу пофални зборови, што не е ништо ново за сите оние кои редовно ги следат приказните за производите на Apple.

Еве што рекоа за iPhone X:

iPhone X е прв производ во линијата на iPhone кој ја реализира визија на паметниот телефон во целост сочинет од екран, без физички елементи, тастатура или копчиња за посебни намени. Со iPhone X, неизоставното копче на предната страна на екранот е елиминирано, па екранот станува примарен елемент за целата интеракција, овозможувајќи неговата површина во целост да го прекрие лицето на iPhone.

Овој 5,8-инчен Super Retina екран има резолуција од 458 ppi и е прв OLED екран кој ги задоволува стандардите поставени со претходните генерации на iPhone, донесувајќи моќни бои, вистинска црна, однос на контраст од милион спрема еден и супериорно, системски раширено управување со боите. HDR екранот поддржува Dolby Vision и HDR10, со што дополнително се зголемува квалитетот на фотографиите и видео содржините. Покрај тоа, True Tone драматично го прилагодува балансот на белата боја на екранот за да одговара на надворешното осветлување и така да пружи поприродно искуство на гледање.

А следното го мислам за iPad Pro:

Најновите iPad Pro екрани ја содржат иновативната технологија на компанијата ProMotion, развиена за унапредување на визуелните перформанси. Достапни во големина од 10,5 и 12,9 инчи, двата таблета нудат идентична густина на пиксели од 264 пиксели по инч, што значи 3,7 милиони пиксели во едниот и 5,6 милиони инчи во другиот случај. Донесуваат прилагодлива брзина на освежување на екранот која се движи од 24 до 120 Hz – што ги прави први такви екрани во популарната комерцијална продажба. Брзината на освежување од 120 Hz поддржува течно скролање, одличен одговор на допирот со прст или Apple Pencil и мазни подвижни содржини. Технологијата ProMotion е овозможена благодарение на новиот оксиден Thin-Film транзистор со одлични перформанси, како и од ново произведените материјали од течни кристали и напредни материјали за светлосно израмнување.

Накратко: И iPhone X и iPad Pro имаат одлични и прекрасни екрани со многу кул функции. 

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!