imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Ерата на YouTube диското наскоро ќе заврши


Го користите сајтот за споделување на видеа како главен музички плеер? Имаме лоша вест за вас: На YouTube му здодеа од тиа што повеќето од нас го користат како бесплатен стриминг сервис и сака да ги дисциплинира корисниците. Апокалипсата со реклами е блиску, време е да се претплатите.

Главната алатка за забава во секој дом е YouTube, односно Spotify на сиромашните мажи, сјајната ѕвезда на слободна музичка игра, бескрајната музичка библиотека. Замислете по неколку пијалоци, кога сите танцуваат на подиумот чекајќи некој голем хит, пријатен женски глас да ги замени денс звуците и да почне да зборува за влошки. Иако сум видел доволно пијани луѓе кои нема да се вознемират, тоа сепак би можел да биде вистински убиец на забавата.

Тоа се намерите на YouTube со нивните најнови акции. Сервисот и познатите јутјубери заработуваат многу од рекламите. Тоа не е проблем, бидејќи нудат широк спектар на интересни видеа, музика и слично. А има и понежен начин: рекламата почнува на почетокот на видеото, чекате неколку секунди и ако не е интересна, можете да го прескокнете остатокот и да продолжите со гледање на видеото. Во случај на подолги видеа, може да се случи неколку агресивни реклами да го расипат расположението.

На YouTube му здодеа да биде Мека на бесплатната музика, кога може да зарботи еден тон пари. Поради тоа му дадоа шанса на YouTube Red, со повеќе или помалку успех. И сега еве ги повторно.

Избраа прилично радикални чекори за да го зголемат бројот на претплатници: ќе почнат да ни ја цицаат крвта со реклами се додека не бидеме подготвени да платиме за нивната услуга. Lyor Cohen, глобалниот шеф на музичкиот дел на YouTube, се изјасни во интервју:

Луѓето кои го третираат YouTube како музичка услуга, оние кои пасивно слушаат подолго време, ќе се судрат со повеќе реклами. Нема да бидете среќни кога ќе ја изберете “Stairway to Heaven” и веднаш ќе добиете реклама. Има многу повеќе луѓе во нашиот систем што можеме да ги фрустрираме и да ги заведеме да станат претплатници. Откако ќе го сториме тоа, верувајте ми, сета оваа врева ќе исчезне и текстовите што луѓето ги пишуваат за оваа врева ќе исчезнат.

Тој, исто така, го употреби терминот “чад” од корисници. На вас е да одлучите дали ви се допаѓа овој бизнис пристап или не…

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!