imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Заобиколете го ограничувањето за преземање од 150 MB на App Store


Не можете да преземате апликации поголеми од 150 MB од App Store преку мобилната мрежа? Проблемот не е во вашиот уред. Ќе ви покажеме како да ја заобиколите оваа древна регулација.

Постои древно правило до кое Sir Jonathan Ive и неговите колеги од Apple се уште се држат. Никој не знае од каде потекнува и никој не го доведува во прашање фактот дека е бесмислено. Меѓутоа, политиката на Apple кој е полна со традиции не сака да попушти: не можете да преземете податочни пакети поголеми од 150 MB од App Store користејќи мобилни податоци.

Има работи кои никогаш нема да ги разберам. Пред 5 години, ова беше навистина корисна регулација: ако корисниците случајно заборавиле да ги исклучат мобилните податоци и да се префрлат на Wi-Fi, износот на нивната месечна сметка значајно растеше поради трошење на мобилните податоци.

Тогаш исто така сте можевте да го поставите уредот да не презема ништо, користејќи мобилни податоци. Но, Apple ги ограничи преземањата на 100 MB, што на пример ви овозможува да ја преземете Facebook апликацијата, но не и значително поголема игра.

Ова ограничување минатата година е проширено на 150 МВ, поради што знаеме дека Apple не заборавил на него, но одлучи да го задржи од непознати причини. Тоа е навистина интересно, но системот ви допушта да го надминете ограничувањето со дополнителни 10-20 MB, но не успеав да откријам зошто.

Но денес, во 2018. година, поголем дел од пружателите на услуги нуди огромен или неограничен податочен промет. Па зошто тогаш не би преземале апликации со помош на него?

За среќа, постои решение кое не би го нарекол трик, но дефинитивно го заобиколува ограничувањето. Со помош на мобилните податоци почнеѕе преземање на голема апликација. App Store ќе ве извести дека морате да се поврзете на Wi-Fi мрежа за да можете да продолжите со преземањето. Во тоа време почнува преземањето, но се запира на 0%. Можете да видите дека иконата на апликацијата се појавила на почетниот екран.

А таму ќе остане се додека не се поврзете со стабилна Wi-Fi мрежа или ја отстраните. Но, можете да го заобиколите системот со промена на даумот во iOS. Се што треба да направите е:

  1. Влезете во Поставки
  2. Притиснете Општо
  3. Побарајте го менито Датум и Време
  4. Исклучете ја опцијата Постави автоматски

И voilá, претходно одбиените апликации почнуваат да се преземаат со помош на мобилните податоци. Кога сте подготвени, повторно вклучете го автоматското поставување на датумот и времето.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.