imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Засекот може целосно да биде отстранет од следните iPhone уреди


Корејскиот ET News сподели добри вести на Twitter – барем за оние на кои засекот на iPhone X никако не им легна. Најпрвин би можеле да го намалат, а потоа и во целост да го отстранат.

Верувам дека сите можеме да се сложиме дека лицето на iPhone X ја подели јавноста. На некои новиот изглед со засек многу им се допаѓа бидејќи го прави уредот единствен, други, пак, сметаат дека се работи за сериозен дизајнерски гаф на Jony Ive. Ние нема да глумиме судии, посебно земајќи го во предвид фактор дека производителите на Android почнаа да размислуваат за воведување на овој детал на своите уреди, и тоа не само кинеските компании кои изработуваат евтини копии, туку и сериозните имиња како Asus, LG и Huawei.

Не сакам да влегувам во расправа за тоа дали тоа била паметна одлука. Само можеме да се согласиме дека засекот со време ќе се појави и на некои други уреди, без оглед на тоа што не се работи за елемент на дизајнот, туку за нужност поради разместувањето на сензорите. Apple се осмели да игра на големо и да го воведе Face ID. Сега кога помина шокот, а впечатоците слегнаа, и другите производители можат да заиграат на таа карта без преголеми ризици.

Поради тоа во прашање не е самиот засек, туку неговата големина. Во текстот на The Verge,  The Clone Wars: iPhone X copycats battle for notch supremacy (Војна на клонови: имитаторите на iPhone X се борат кој има подобар засек), новинарите ја анализираа моментната ситуација. Според нивното мислење, ќе се води битка околку тоа кој ќе направи помали засек во наредните неколку месеци/години. Последна фаза би бил целосниот екран без рамки. Меѓутоа, моментно ниту еден производител не може да создаде таков уред – дури ни Samsung.

Единствено што можеме да очекуваме е постапно намалување на засекот. Тоа го потврдуја од корејскиот портал ET News, потврдувајќи ги инсајдерските информации дека засекот на годинашиот iPhone ќе биде потенок.

Оваа есен, Apple планира да лансира два модела со OLED екран и модел со LCD екран. Се шпекулира дека OLED моделите ќе бидат достапни во големина од 5,85 инчи и 6,46 инчи, додека моделот со LCD ќе биде со големина од 6.04 инчи. Сите три модели ќе ја имаат Face ID функцијата, а кружат гласини дека дизајнот на екранот ќе биде без рамки и со помал засек.

Ова би можела да биде краткорочна стратегија. Кога се во прашање долгорочните планови, целта е до 2019. година во целост да се елиминира засекот со сензорите.

Apple одлучи да го отфрли дизајнот со засек, почнувајќи со моделите кои ќе бидат лансирани во 2019. година, а моментно се во преговори со соодветни компании. Се чини дека Apple планира да стави поцелосен екран на новите iPhone модели.

Во извештајот се наведува дека овој iPhone со целосен екран ќе користи Face ID за биометриска идентификација, но оваа информација се уште не е потврдена. Но, се споменува можноста за користење на патентираната технологија Black Matrix, која овозможува слоевитост на екранот, што би значело дека сите сензори би можеле да бидат поставени под екранот.

Ќе видиме…

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!