imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Затворена огромна „фарма за кликови“ во Азија


За што би ви требале скоро 500 iPhone уреди и 350 илјади SIM картички? Благодарение на тајландската полиција, добивме увид во оваа брзо растечка, но и натаму тајна работа.

Интернетот е крутно бизнис опкружување. Неговата економска важност расте од ден во ден, но тоа значи дека и конкуренцијата станува се пожешка. Некогаш едноставно можевте да отворите своја работа на местото каде што нема никој како вас и со време ви доаѓаа се повеќе луѓе. Ако ви запнуваше на почетокот, можеби ќе вложевте во летоци, но тоа би било тоа.

Меѓутоа, се повеќе работни луѓе ја сфаќаат важноста на интернетот и знаат дека би било паметно да се прошири работата и на тоа подрачје. Ако ништо друго, секогаш можете да замолите пријател или позннаик да ви креира наједноставна интернет страница. Секако, потсои и полесно решение: страница на Facebook! Добро, но како да соберете критична маса, од неколку илјади следбеници? Навистина изгледа лошо кога вашата локална продавница има само 100 лајкови, а вашата конкурениција, инаку интернационална компанија ги има стотици илјади. Ако сакате да играте чесно, ве чека долга и исцрпувачка трка. Зошто не би ги купиле лајковите?

Може ли да биде поедноставно? Само одете на страницата како fiverr.com и одеднаш се наоѓате опкружени со стручњаци кои ви ги нудат своите услуги и ви даваат ветувања дека отсега ќе бидете забележани и многу присутни на интернет. Уште повеќе, овие услуги ви ги нудат по прилично ниски цени: десетина илјади лајкови можете да добиете само за неколку долари. Стотина луѓе ќе кликнат like на секоја ваша објава, а не треба да вложите скоро ништо. Освен тоа, тука не се работи за тоа програмата вредна стотина долари да ги рекламира вашите објави на стотина различни страници. Не, тие гарантираат дека работат со вистински лица!

Но, дали навистина вистински луѓе стојат зад тие кликови? Зарем тука нема ни малку кодирање? Како ова воопшто функционира?

Па, вака. Ова видео е снимено во Тајланд, каде што полицијата затвори „фарма на кликови“ со која управуваа три кинески бизнисмени. најпрвин мислеа дека ќе спроведат рација во илегален центар за повикување, но брзо сфатија дека откриле тројца луѓе кои го помагале развојот на бизниси на кинескиот Facebook, WeChat, со зголемување на бројот на посетители.

Оваа, таканаречена фарма на кликови беше прилично голема – работеа со 474 iPhone уреди, што е многу, дури и да биле паметни и да ги избереа помалите модели како 4s, 5c и 5s. Самата работа е прилично монотона: не е претерано возбудливо да се помине цел ден со прстот на маус пред многу екрани. Можеби би требало да одмавнеме со раката на сето ова, но тоа не е крај на приказната. Имено, секој од овие тројца заработи отприлика 4400 долари месечно. Тука веројатно нема данок, па работата одеднаш се чини многу попривлечна.

Меѓутоа, властите ставија крај на сето ова. Можеби најневеројатно звучи фактот дека полицијата запленила 347.200 SIM картички. Судејќи според фотографиите, ова е прилично голема количина. Тоа е отприлика два пати повеќе од она што го собрал овој бездомник од Унгарија – се работеше за 200.000 картички од унгарскиот Телеком. Но, на овие Кинези навистина им требаа сите овие броеви.

Нема официјални податоци за тоа колку вакви „бизниси“ му помагаат на огласувањето на западните компании. Иако, ако им беа потребни толку SIM картички, индустријата која се занимава со нивното производство веројатно не би можела да држи чекор со побарувачката. Се додека најдат доволно луѓе кои ќе го одржуваат постојано производството на овие картички. бројот на „фарми за кликови“ нема да опаѓа.

Извор: Bangkok Post

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!