imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

За намерното забавување на iPhone од Apple


Дефинитивно не се работи за теорија на завера или планирано застарување. Apple има свои добри причини, а парадоксален факт е дека при донесувањето на оваа одлука првенствено мислеле на корисност. Еве одговор на една од најжешките теми во изминатите денови.

Оваа недела порталите за технологија, блоговите, Reddit и Twitter ги преплавија вести за откритие дека iPhone со стареење станува се побавен. Иако овој процес се чини сосема природенм некои корисници се посмомневаа дека во позадина се кријат некои не баш благородни намери. На крај се испостави дека постои силна врска помеѓу животот на батеријата и перформансите на iPhone.

Како што тоа обично се случува кога е во прашање Apple, се се претвори во скандал. Многумина го обвинија Купертино дека се работи за трик со кој би се присилиле корисниците да купуваат нови уреди. Ситуацијата толку ескалираше што Apple повеќе не можеше да стои од страна и одлучија се да разјаснат.

Главни точки:

  • Сакаат да ни пружат најдобро можно корисничко искуство.
  • Тоа го овозможуваат две работи: перформанси и животот на батеријата.
  • Перформансите на литиум-јонската батерија слабее во студени временски услови, кога е слабо наполнета и тоа како старее.
  • Тоа може да резултира со нагли исклучувања.
  • Што, пак, води кон лошо корисничко искуство.
  • Решение: перформансите на уредот мораат да се регулираат со оглед на состојбата на батеријата.
  • Дури и ако тоа значи дека перформансите мораат да бидат послаби за да се спречат неочекувани исклучувања.
  • Резултат: побавен iPhone кој не се исклучува на секој еден час.

Секој треба сам да одлучи дали тоа го смета за подобро решение од брзиот iPhone кој постојано се гаси. Речиси нема начин да се спречи таквото однесување како литиум-јонските батерии. Со оглед на тоа дека батериската технологија моментно е единствена на пазарот на мобилни телефони, мораме да се соочиме и со нејзините недостатоци. Впрочем, истото им се случува на сите, не само на Apple.

Друго е прашањето зошто за тоа не се зборуваше отворено кон корисниците. Целиот проблем може многу лесно да се реши: само треба да се замени батеријата. Така веднаш беа вратени изворните перформанси.

Овој феномен првенствено се однесуваше на iPhone 6, 6s и SE моделите (и Plus верзијата), а по iOS 11.2, на листата е додаден и iPhone 7. На крајот на соопштението, Apple истакна дека исто ќе продолжи да работи и во иднина.

Во заклучокот, да, Apple веројатно се требаше да објасни претходно, но неоспорно е дека околу целата работа се подигна премногу прав. Додека вака работат батериите, ќе мораме да се бориме со овој феномен – претпоставуваме дека сите повеќе би го користеле својот побавен, но функционален телефон, отколку да се борат со константното гаснење на оној брзиот.

Извор: 9to5mac

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.