imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

За што е добар Apple TV денес? – Мислење


Apple ја претстави 4-тата генерација на нивниот хоби проект, Apple TV со огромни амбиции пред година и пол. Тешко беше да се најде смисла за тоа што точно нуди Apple-овиот уред за забава, помеѓу сите ветувања, идеи и шпекулации. Ќе се обидеме да дознаеме во следнава статија.

Зошто Apple TV?

Apple TV е дел од линијата на производи на Apple веќе подолго време, но не успеваше да се издигне на нивото на кое се другите производи. Едноставно, на луѓето не им се допадна, мислеа дека не им е потребен. Функциите кои ги имаше на почетокот, не беа толку неверојатни за да ги натераат луѓето да го купат. Повеќе изгледаше на еден фенси додаток кој би стоел во Вашата дневна соба отколку на уред кој ќе би бил корисен во домот. Иако Apple додаде доста нови функции во 4-тата генерација на Apple TV пред година и пол, едноставно луѓето не го купуваа колку што се очекуваше. Причината за овој феномен би можела да биде тоа што корисниците чекаа да видат во што ќе прерасне овој проект и платформа, и кога ќе дојде времето, ќе инвестираат во Apple TV. Времето е сега и нема да зажалите.

01_what_is_an_appletv_good_for_nowadays

Причината зошто овој производ е се попопуларен е можеби затоа што се повеќе домаќинства надвор од Америка имаат Apple TV, и има се поголема побарувачка за сервиси кои се овозможени од уреди како Apple TV. Уште една причина може да биде тоа што уредот е одличен за играње игри на краток временски период. Ако сте размислувале за купување на играчка конзола, но големите имиња од тој дел како PS4 и Xbox се преголеми за Вас, не сте заинтересирани за играње онлајн, немате доволно средства за да си дозволите таква конзола, тогаш Apple TV е за Вас.

02_what_is_an_appletv_good_for_nowadays

Гејмингот можеби е уште една екстра причина за купување на Apple TV. Ако случаите наведени погоре не Ви се битни, тогаш нема да го купите Apple TV. Ако побарате алтернатива, како некои Android уреди или пак Nintendo Switch или NES Classic можеби нема да ги задоволат Вашите потреби поради други причини. Сепак, ако се одлучите за купување на Apple TV, ќе добиете одлично дизајниран уред, кој можете да го користите со Вашиот MacBook или пак со iPhone-от, и уред кој има огромен потенцијал, само што Apple треба да ги мотивира девелоперите за развивање на дадените опции.

Што е Apple TV?

Apple TV е миленичето на компанијата од Купертино, а компанијата никогаш не го криеше тоа. Израсна од проект кој беше еден вид на хоби на компанијата, на почетокот немаше никаков концепт и немаше план во кој што ќе се движи проектот и што ќе се таргетира. Неодамна дознавме дека Apple се обидува да склучи договори со кабелски оператори и да создаде уникатна содржина за корисниците. Како пример, првата генерација на прототипот имаше Coax влезови. Сепак, овој Apple TV никогаш не стана достапен во продавниците. Уредот беше добар само за гледање на филмови преку iTunes и за пресликување на екранот со години. Создавањето на Apple TV во платформа која девелоперите може да ја користат за да ги остварат своите идеи беше од голема полза за новиот Apple TV. Сега можеме да играме на него, да инсталираме фитнес апликации, покрај слушањето музика, гледање филмови и фотографии.

03_what_is_an_appletv_good_for_nowadays

Мораме да се согласиме, Apple TV не е најпривлечниот производ во неговата категорија, но исто така е лошо позициониран во психата на луѓето. Ова го сфативме откако го користевме некое време овој уред. Го сетиравме Apple TV за само неколку минути, иако требаше да набавиме и HDMI кабел за тоа, бидејќи не доаѓа во пакувањето, но навистина, ако само тоа е недостаток на производот, тогаш не е голем проблем. Додека го распакувавме уредот, сфативме колку е квалитетено изработен, можеби еден од најдобро дизајнираните уреди на Apple во последните неколку години. Нема да можете да го доживеете целосно искуството доколку само го пробате уредот во продавница, ќе треба да набавите еден уред дома и да го користите некое време. Целосната слика се добива со далечинското со Siri.

04_what_is_an_appletv_good_for_nowadays

Кога ќе почнете да го користите Apple TV-то, претпознатливиот кориснички интерфејс на Apple ќе Ве поздрави. Ќе го пронајдете лесно WiFi-то со држење на iPhone-от над кутијата, а Apple TV е спремен за користење. Ова е тоа што го викаме user-friendly environment. Siri далечинскиот управувач е неверојатен. Иако ja преземавме Apple TV Remote апликацијата која е исто така добра, некако беше подобро да се користи далечинскиот управувач. Што се однесува до контролата, не интересираше дали ќе ни биде потребен друг управувач или не. Испадна дека после 30 минутно играње со Apple TV-то не Ви е потребен друг управувач, иако сепак зависи од Вашите потреби.

05_what_is_an_appletv_good_for_nowadays

Сето ова покажува за што точно е Apple TV, иако многумина не се запознаени со уредот. Се додека не го користите секојдневно и не наоѓате нови апликации за него, нема да разберете како е да имате 5-15 минути време за релаксација во текот на денот. Лесно можете да завршите трка на Asphalt за 3 минути, или можете да играте Rayman Adventures, да танцувате со Just Dance, да гледате видеа со мачки на Facebook, да слушате TED Talks, да гледате филмови, да слушате музика, да ги разгледате фотографиите и да преслукувате екран со AirPlay.

06_what_is_an_appletv_good_for_nowadays

Покрај тоа што Apple TV покрива голем спектар на опции за забава, има и два фактори кои се многу битни кога е во прашање иднината кои би влијаеле на свеста кај корисниците. Иако Siri е добар додаток за iOS и за macOS уредите, нема многу ситуации кои би можеле да заменат тапкање и кликање. Од друга страна, гласовната контрола би можела да биде покорисна во оваа ситуација. Единствен недостаток е што ни е потребен Siri далечинскиот управувач за тоа. Тешко за верување е дека некој ќе разговара со телевизорот на англиски, но сепак, вештачката интелигенција може да направи чуда со ваков централен уред, а тоа е она што би требало да биде иднината.

07_what_is_an_appletv_good_for_nowadays

Сега кога разговараме за гласовна контрола, не можеме да го пропуштиме фактот дека овој централизиран уред е најсоодветен за да го направите Вашиот паметен дом уште поудобен. Можете да го контролирате, на пример осветлувањето, или пак други автоматизирани делови од Вашиот дом, откако ќе го конфигурирате HomeKit на Вашиот уред. Ова не е целосно усовршен систем, но сеуште е неверојатно што се можеме да направиме со овие уреди, вклучително и Apple TV.

За кого е наменет Apple TV?

Откако ќе почнете да го истражувате Apple TV и игрите кои се на него, може да помислите на две работи. Едно, ако имате дете на возраст од 8-14 години, овој уред може да стане непроценлив дел од Вашата дневна соба, бидејќи App Store изобилува од игри за мали и големи деца. Почнувајќи од најлесната Mr. Crab, до Rayman Adventures и класичната PAC-MAN 256, па се до Alto’s Adventure, сите игри кои се достапни може да ги анимираат децата долго време, но не доволно долго за да се навлечат Вашите деца. Најверојатно, нема да ги играте овие игри на iPhone-от, но играчкото искуство е сосема друго кога лежите во кревет со далечински управувач и голем ТВ. Овие игри се бесплатни, или имаат многу мала цена од 3-10 евра. На пример, Asphalt8 една од најдобрите игри е целосно бесплатна.

Apple-TV-videok-cover

Мислиме дека сега има доволна содржина овозможена за tvOS за да биде вреден за купување. Можете да се претплатите на некоја кабелска мрежа за многу ниска цена, Netflix филмовите се околу 8 евра месечно. Има и други сервиси кои се достапни како на пример YouTube, Bloomberg TV, или TED. Сите овие се подобри на голем екран.

Заклучок

Apple TV дефинитивно не е гејминг конзола, а и не се обидува да биде тоа, но е компактен, повеќенаменски уред кој секогаш можете да го користите за забава. Сепак, сфатливо е зошто некои луѓе се уште мислат дека не вреди да се купи и дека не е доволно интересен, но можеме да го препорачаме на семејства кои имаат повеќе или пак еден Apple уред, на овие кои сакаат да имаат избор од повеќе кабелски оператори, но и користат социјални мрежи редовно. Таму каде што има повеќе деца, оние кои имаат голем број на фотографии и видеа и членовите на семејството се Apple фанови, на тие дефинитивно им препорачуваме да го набават Apple TV.

cover_appletvfree

Актуелниот хардвер е одличен, а концептот е навистина фантастичен, иако има простор за подобрување на сервисите. Apple исто така треба да се справи со постоечката конкуренција доколку сака корисниците да се одлучат за Apple TV. Со нетрпение очекуваме да видиме што ќе ни донесе WWDC во делот на tvOS и како Apple ќе го надгради и подобри Siri, бидејќи не го користиме доволно сега. Ако успее Apple да го направи Siri попаметен и покорисен некако, можеби повеќе ќе им се допаѓа на луѓето. Сегашниот Apple TV тотално вреди за парите и ќе биде одличен сопатник во Вашиот секојдневен живот.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!