imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Збогум iTunes, поздрав WALTR 2!


Колку и да беше револуционерен iTunes кога беше претставен прв пат, денес е повеќе како прастаро чудовиште кое поголемиот дел од просечните корисници пробуваат да го избегнат. Сега ќе ви покажеме програма која ќе ви помогне да ја избегнете сета таа болка и ноќите што сте ги проплакале поради iTunes на најотмен можен начин.

Сите мораме да бидеме искрени кон себе, постојат многу корисници на iPhone – вклучувајќи и некои од авторите овде – кои се уште го имаат оригиналниот звук иако поседуваат iPhone веќе подолго време. Не затоа што не сакаа нов, единствен звук, туку затоа што едноставно беше невозможно да се открие како се поставува звукот кој го посакуваат како ѕвоно.

Со тоа дојдоа 12 текста и tutorial видеа, и покрај се се надеваа дека до крајот на денот ќе се случи чудо: ќе го постават својот сопствен звук на ѕвоно. Секако, тоа на крај и се случи, но сигурно не беше така лесно како што сакаа да биде. Единствената работа која е виновна за тоа е iTunes. Би бил одличен програм кога би бил само продавница за апликации или само дуќан со медиумски содржини, или само Apple Music, или само iPhone управувач. Но, воопшто не е ниту една од овие работи, туку пробува да биде се истовремено.

Кога се чинеше дека исчезна секоја надеж, и луѓети полека почнаа да се помируваат со својата судбина и користењето на iTunes, тогаш го пронајдовме производот под името Waltr, кој е создаден од програмерскиот тим Softorino (програмерите ја нарекле апликацијата по Walter White, професор по хемија кој готвеше crystal meth во серијата Breaking Bad). Уште повеќе, веќе имавме друга верзија, така што можете да претпоставите дека програмерите некое време работеле на ова, што е поприлично очигледно од завршниот резултат. Waltr 2 веднаш стана една од нашите омилени ‘must have’ Mac апликации.

Што може да направи? Се што би посакал еден корисник да види од Apple, дури и повеќе од тоа. Да почнеме со тоа како корисничкиот интерфејс на апликацијата изгледа многу убаво, а истовремено е многу едноставен. Кога ќе го отворите програмот, Waltr веднаш ќе ги побара iOS уредите кои можете да ги поврзате или по пат на WiFi или дури и USB. Потоа, целата апликација се претвора во огромна Drag & Drop површина каде можете да повлечете буквално било кој вид, повторуваме, БИЛО КОЈ ВИД на медиумска содржина.

Нема да морате да ја префрлате својата FLAC музичка колекција, MKV филмовите (можете да управувате дури и со 4K видеозаписи, нешто што дури и iTunes не го може), или документи: Waltr ќе направи се благодарение на оваа технологија, и се тоа без било каков губиток и супер брзо. Префрлените фајлови секогаш ќе бидат ставени во исправната мапа на соодветната апликација, а апликацијата исто така ќе ги преземе дополнителните метаподатоци, како албумите со фотографии, од интернет. Единствена негативна работа што можевме да забележиме е дека оваа функција не работи секогаш соврешено, понекогаш спарува погрешни содржини со фајловите, но сигурни сме дека оваа грешка наскоро ќе биде отстранета.

Softorino помина дури две години пред претставувањето на првиот Waltr во истражување на различните решенија на Apple, стандарди за претворање и префрлање фајлови, така што не е ни чудо што успеаја да постават така интелигентен и ефикасен алгоритам во својот производ. Сите имаат посебни имиња, па да погледнеме некои од нив. Universal Connection Bridge, скратено UCB е одговорен за создавање на стабилна врска. Ова не е така лесно за програмерите од трета страна, бидејќи секоја генерација на Apple уреди користи друг протокол. UCB ги знае сите, и автоматски ги открива. На Тим му беа потребни 4 години само за развој на оваа технологија. За возврат, ги поддржува сите постоечки iDevice уреди, вклучувајќи и сите iPod модели. Да, дури и 2001 iPod Classic кој дури и нема iOS.

Waltr 2 исто така може да се поврзе со уредите преку автоматски WiFi, или aWiFI. Земете го автоматски најбуквално што можете: програмот самостојно бара компатибилни уреди и веднаш се поврзува со нив за секунди. Уште повеќе, можете да се префрлате помеѓу USB и WiFi врските во движење без прекинување на процесот на пренос. Сте го покренале преносот на најновата епизода на вашата омилена серија на вашиот iPad преку USB кабел, но морате да стигнете на автобус? Едноставно можете да ја прекинете врската помеѓу вашиот iPad и лаптоп, да го ставите во торба, и додека си правите сендвич што ќе го понесете со себе, фајлот веќе ќе биде пренесен.

Automatic Content Recognition или ACR препознава кој вид медиумски фајлови сте повлекле во програмата. Прави разлика помеѓу филмовите и сериите, музиката и рингтоновите, и сите тие ќе бидат пренесени во соодветната апликација. Во меѓувреме, ги презема сите поврзани, но недостатни метаподатоци (наслов на албумот, името, наслов на песната итн). Самата пренесена содржина ќе изгледа исто како да сте ја преземале од iTunes Store. Конечно, ја имаме Smart Adaptive Conversion или SAD, технологија која е одговорна за претворањето. Сите фајлови ќе бидат рекодирани без било какви губитоци, а програмата тоа може да го направи пет пати побрзо отколку било која друга програма.

Не постои ништо друго што би можело да се каже за програмата. Ако сте како нас, и не го сакате премногу iTunes, или имате многу медиумски колекции, само не баш во форматите компатибилни со Apple, тогаш Waltr и Waltr 2 се нешто што секако морате да го имате. Waltr 2 знае повеќе, но е и поскап. Можете бесплатно да ја пробате програмата и он исто така има своја Windows верзија, така што не ви е потребен Mac за да работи. Ако ви се допадне програмата, првата верзија можете да ја купите по цена од 19.95 долари, а втората верзија за 39.95 долари од веб-страницата на производителот, но ако сакате да го инсталирате на повеќе уреди, цените ќе бидат уште поповолни.

Ова би можело да звучи премногу на прв поглед, но верувајте ни кога ќе кажеме, Waltr е вреден секој долар…

Поддржани формати на фајлови:
видео: MKV, AVI, MP4, MOV, MPEG, m2ts, 3GP, WMV, H264, H265
аудио: MP3, FLAC, APE, ALAC, AAC, AIFF, WAV, WMA, OGG, OGA, WV, TTA, DFF
Се од е-книгите до PDF фајловите и M4A звуците на звоната подолги од 30 секунди. Може дури и да управувате со фајловите со преводите за филмови.

Ако сакате да прочитате повеќе тестови на производи, погледнете ја оваа мапа.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!