imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Играта Alto’s Odyssey објавена за iPhone и iPad


Новото поглавје на исклучително популарната и успешна игра Alto’s Adventure од 2015. година е објавено за iOS. Авторите на играта дадоа се од себе да ги исполнат нашите желби, па сега имаме уште подобра атмосфера и поголеми скокови.

Програмерот Snowman со последното поглавје на играта Alto’s Odyssey, објавено пред три години, високо ја подигна летвичката. Alto’s Adventure ги собра сите ловорики: вклучен е во листата на Apple за најдобри игри од 2015., истата година ја освои и тулата за видео игра со најдобар изглед, а успехот е заокружен кога играта беше прогласена за најдобра апликација за iPhone.

Играта не воодушеви и нас. Во неа, јунакот ота по планините ловејќи лами – за дополнителни парички можете и да скокате од брдо на брдо и така побрзо да го ловите својот плен. Иако се работи за тип на игра со бескрајно трчање, атмосферата е многу опуштена, па во секој момент посакувате да уловите уште некоја лама.

Alto’s Odyssey го следи истиот образец. Во ова поглавје, графиката е навистина врвна, а програмерите многу внимание и посветија и на музиката. Благодарение на новите предизвици, нивоата значително се подобрија: имаме балони кои помагаат за што повисоки скокови, па можеме побрзо да стигнеме до низините, но тука се и ледените води, снежните ветришта и скијањето на вода за дополнителни бодови.

И натаму се управува со едно копче – треба да го притиснете во вистински момент за да скокнете што повисоко во воздух. Со оглед на сложеноста на играта, можете да очекувате возбудлива вантура полна со пречки. Во првата игра уживавме во заоѓањето на сонцето и постојаните промени на временските услови. Истото вреди и за Alto’s Odyssey: промените на опкружувањето навистина се реални, а сега имаме и дожд, песочни бури, па дури можеме да видиме и како паѓаат ѕвезди.

По успехот на првата игра, несомнено е дека Alto’s Odyssey ќе биде меѓу најдобрите апликации оваа година. Подобрена е токму толку колку што беше потребно, па сигурно ќе ни остане помеѓу фаворитите во следните две до три години. Ако ви се допадна првото поглавје, не морате да размислувате дали треба да го купите и второто. Во случај ова да ви е прва средба со Alto, најтопло ви препорачуваме да се впуштите во оваа авантура.

Преземете ја Alto’s Odyssey од App Store (iPhone, iPad, Apple TV) за 4.99 долари.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!