imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Избришете ја вашата историја на YouTube


YouTube сега нуди нови видеа врз основа на вашите претходни пребарувања и прегледи. Меѓутоа, таквите содржини често не им одговараат на вашите примарни интереси. Да погледнеме како се ослободиме од нив!

Денес ќе ви покажам трик које во целост не припаѓа во светот на Apple, но за многумина ќе биде корисен. Сите веќе знаеме дека Google функционира на темелот на вашите активности и пребарувања: собира информации, па врз основа на нив нуди релевантни содржини и огласи. Меѓутоа, понекогаш ми се чини дека тој алгоритам само делумно функционира.

Да претпоставиме дека често гледате видеа за технологија на YouTube и случајно ќе налетате на некое неодамна објавено и прилично популарно видео. Не е важно дали слушате чпоп музика или дали претходно сте слушнале за тој изведувач, бидете сигурни дека отсега често ќе наидувате на слична содржина.

За да го решите тој проблем, треба да ја избришете својата историја на гледање и пребарување, бидејќи YouTube тогаш најмногу ќе ви нуди нови видеа врз основа на вашите претплати. Тоа можете да го направите на оваа страница: https://www.youtube.com/feed/history. Само пронајдете ја опцијата “избришете ја целата историја на пребарување”.

Опцијата ќе ви биде достаона само ако изберете „Историја на гледање“ на листата од десната страна. Таму можете да ја изберете и опцијата „Паузирај ја историјата на пребарување“, која се наоѓа веднаш под претходно споменатата опција.

Исто така, на истата листа можете да изберете бришење на „Историјата на пребарување“ – единствена улога на оваа функција е да го спречи системот да ви нуди содржина врз основа на вашите претходни пребарувања.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!