imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Изворниот код на iOS суптилно упатува на iPad со Face ID


Можно е дека наскоро ќе се зголеми бројот на уредите со Face ID: сите гуруа на Apple потврдија дека компанијата оваа година ќе го освои пазарот со iPad Pro кој ја користи технологијата на препознавање на лицето.

Како и обично, аналитичарот на Bloomberg, Mark Gurman уште во ноември објави дека можеме да очекуваме iPad Pro со екран без рамки и со Face ID. Тогаш сите климнавме со глава, бидејќи новата генерација на iPad Pro со многу одлични фунции претставена во јуни се уште беше прилично свежа. Ако се уште не сте, можете да ги прочитате нашите текстови за тестирањето на двата уреда.

По Gurman, истите вести ги потврди и Kuo, а минатогодишната ѕвезда Guilherme Rambo и уредникот на iHelpBR, Filipe Espósito открија многу интересни информации во кодот на првата програмерска бета верзија на iOS 11.3. Во текстот јасно се споменува „модерен iPad”, а тоа е посебно важно ако го земеме во обзир фактот дека истата оваа фраза се користеше за iPhone X минатата година. Секако, тоа не мора нужно да значи дека ни пристигнува iPad со екран преку целата површина и Face ID, но некаков нов iPad сосема сигурно можеме да очекуваме.

Сите овие информации неверојатно се усогласени. Лично не го користам Touch ID на својот iPad, но ако Apple лансира верзија на iPad со Face ID, тоа ќе биде апсолутна потврда дека новиот систем на автентикација одлично функционира. Зошто тогаш постоечката технологија не би ја заменила со таа понова. Исто така, ако сите овие протечени информации се точни, 3D Touch нема да биде вклучен и Apple ќе продолжи да се држи до LCD технологијата.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!