imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Интерфејсот на Gmail комплетно ќе го променат


Во наредните неколку недели сите корисници на Gmail ќе се соочат со комплетно нов интерфејс на Gmail. Покрај промените во дизајнот ќе бидат направени и повеќе корисни функции вклучени во конзолата. Па ајде да погледнеме како ова ќе изгледа!

Претпоставуваме дека повеќето од нашите читатели користат Gmail. Ова не е изненадување, овој сервис е еден од најпополарните во светот па и кај нас. Беше лансиран пред 14 години во 2004 и во 2017 заврши со 1.2 милијарди корисници и сеуште брои нови. Овие 1.2+ милијарди корисници ќе добијат комплетно нов сервис во следните неколку недели.

Google ги најави овие промени во приватна порака до корисниците во G Suite админот. Во мејлот имаше информации за Early Adopter Program кој е достапен само за неколку корисници и е наменет за тестирање за потоа оваа услуга да биде достапна и за сите останати.

За среќа или несреќа?! Во ерата на интернетот навистина е тешко да се сочува тајна па така новинарите од The Verge стигнаа до неколку инсајдерски слики за новиот интерфејс. Тие покажаа дека новиот изглед ќе соодветствува со моменталниот Google дизајн многу повеќе- Балончиња, заоблени агли, чистина и транспарентен интерфејс. Нема да има некој револуционарни промени но оние што ќе бидат, ќе бидат корисни.

Најважните промени кои се многу добредојдени се некој од старите функции кои повторно ќе заживеат. Некој од нив беа достапни во инбоксот на Google но не беа вклучени во Gmail се до сега. Постои нова опција така наречена “Smart Reply” која користи решенија од механичко учење и ќе се обиде да погоди кој би бил Вашиот одговор во зависност од пораката која ја имате добиено. Оваа функција е веќе достапна во мобилната апликација.

Нашата омилена функција е функцијата Snooze. Доколку Вашиот инбокс е преполн со нови пораки истите ќе можете да групирате по критериум за различен пристап. Функцијата Snooze ќе го направи токму тоа. Ќе можете да пристапите во посакуваното време и мејловите да се појават повторно кога ќе имате време за истите. Потоа ново пристигнатите пораки ќе исчезнат и ќе се појават повторно во даден временски период.

Исто така уште една супер кул опција е лентата од страна на која може да вметнете повеќе Google апликации како на пример: календар, нотес и итн. Ќе Ви дозволи да користите две различни алатки, испраќање на пораки и било која друга апликација, во исто време.

Во приватната порака за администраторите исто беа ветени и “offline” поддршка за пораки што значи дека ќе можете да ги прочитате Вашите пораки без било каков пристап до мрежа, но само да ги прочитате. Оваа функција може ќе биде претставена подоцна, во јуни.

Конференцијата за I/O програмери ќе започне на 8 мај, а ние се опкладуваме дека Gmail ќе биде интересна тема за пишување за која ние ќе се трудиме да дознаеме многу повеќе за краток период.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.