imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Исклучете ги известувањата на вашиот Apple Watch


Вашиот Apple Watch ќе ви испраќа известувања од апликациите кои не се инсталирани на вашиот Watch, туку на вашиот iPhone. Но, поголем дел од времето, ќе ви бидат потребни само неколку од нив.

watchOS овозможи Apple Watch верзии на апликациите кои се инсталирани на iOS уредите. Тоа значи дека програмерите можат да создадат различни верзии на своите апликации – баш како дополнително проширување – кое е поинаква верзија на главната апликација, со поинакви контроли и функции.

Очигледно, овие Watch апликации ќе ви испраќаат известувања, баш како што го прават тоа и апликациите за iPhone. Овие известувања можат да се измешаат со известувањата кои доаѓаат од апликациите кои се исклучиво за iPhone, и кои исто така се прикажуваат на вашиот Watch. Тоа се случува доста често, посебно кога имате часовник на раката, а вашиот iPhone е моментно неактивен.

Понекогаш е корисно да се види се, но поголемиот дел од времето е едноставно непотребно. Примањето на известувањата од Gmail апликацијата за нова порака е корисно, но постојаните известувања кои ви ги испраќа YouTube за најновите активности и не се претерано корисни.

Можете сите да ги оневозможите. Трикот е во тоа што би требало да ги побарате во одделот Notifications наместо помеѓу инсталираните апликации.

  1. Отворете ја Watch апликацијата на вашиот iPhone.
  2. Притиснете го менито Notifications.
  3. Оневозможете ги непотребните известувања.

Ако барате нотификации од апликација која не е наведена, ќе морате да копате малку подлабоко. Можно е дека овие известувања се веќе блокирани на вашиот телефон, па поради тоа би требало да ги овозможите пред да ги вклучите на вашиот часовник.

  1. Влезете во Settings
  2. Скролајте долу до Notifications
  3. Побарајте ја апликацијата
  4. Овозможете ги известувањата

Сега вашиот часовник ќе ги прима овие известувања според системските поставки и ќе имате прилика да ги исклучите со помош на методот што го опишавме погоре.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!