imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Исклучете ги постојаните известувања за надградба на Mac


Дали ве нервираат непрестаните известувања кои ви говорат да го надградите системот? Ако одговорот на ова прашање е да, имаме добри вести, постои начин како да се исклучат.

Тешко дека постои нешто што може да ве нервира повеќе од постојаните известувања кои со недели ве потсетуваат да го надградите системот на најновата верзија. Секако, тие имаат и свои предности, бидејќи постојат многу корисни и важни надградби кои се случуваат под хаубата. Затоа не е препорачливо да се прескокнуваат надградбите. Но, како што знаете, надградбата трае долго и можно е дека ќе ја одложувате со недели. Во тој случај, известувањата постојано се враќаат, цел ден и цела ноќ.

Постојат неколку чекори кои можете да ги направите за да ги исклучите известувањата. Пред се, отворете System Preferences > App Store. Поништете ја опцијата Automatically check for updates. Тоа ќе ги оневозможи известувањата за помалите надградби, но кога ќе дојде до главна надградба, голема е веројатноста дека системот повторно ќе ве извести. Да погледнеме што можеме да направиме за да се ослободите од тоа.

Тоа ќе бара малку магија во Terminal. Отворете го и внесете го следното:

sudo mv /Library/Bundles/OSXNotification.bundle ~/Documents/

За тоа да го направите, ќе морате да ја внесете и администраторската лозинка. Притиснете Enter и повторно стартувајте го својот компјутер.

Ако известувањата се уште пристигнуваат, постои уште еден начин ако не сте го надградиле системот на macOS High Sierra. Рачно отстранете го пакетот од библиотеката која ги преизвикува проблемите. Отворете го Finder и на горната лента од менито изберете ‘Go’ и ‘Go to’… или Shift (⇧) + Command (⌘) + G. Внесете го следното:

/Library/Bundles

Снимете го фајлот под име OSXNotification.bundle некаде на друго место и избришете го од овој фолдер.

Ако сите овие чекори сте ги направиле исправно, тоа би требало да ги спречи понатамошните известувања. Меѓутоа, ако се предомислите и сакате повторно да добивате известувања, прилично е едноставно да се заврти постапката. Означете ја куќичката покрај ‘Automatically check for updates’ во System Preferences > App Store. Внесете го следниот ред во Terminal:

sudo mv ~/Documents/OSXNotification.bundle /Library/Bundles/

И конечно, вратете го избришаниот пакет фајлови во /Library/Bundles.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!